Wednesday, 18 October, 2017

За нас

Визијата на www.inovativnost.mk

www.inovativnost.mk е веб портал чија што главна цел и визија е да ја промовира иновативноста како важен бизнис концепт во македонската економија! Компании кои развиваат и иновираат нови производи, нови технологии, нови брендови и нови пазари за нас се големите херои на денешницата.

Во специјален фокус на интерес на www.inovativnost.mk, се иновативните македонски компании кои постојано бараат можности за развој на нови продукти, освојување нови пазари и отворање нови бизнис и инвестициски можности.

Со оваа визија и мисија неуморно работиме од февруари 2015 година. Проектите и иницијативите од овој тип во Македонија, за кои досега пишувавме, пробудија навистина голем интерес кај домашната читателска публика, која буквално е „гладна“ за позитивни и успешни македонски бизнис приказни.

Нашата визија и во иднина е да пишуваме најмногу за македонски иновативни проекти кои веруваме ќе станат се побројни и поквалитетни. Тоа е единствениот начин за успех во денешниот конкурентен свет!

2017 Иновативност. Сите права се задржани.