Втора тркалезна маса за инвеститорите од дијаспората во организација на Македонија 2025

- Advertisement -

 

Странски инвеститори и високи претставници од Владата денеска имаа можност да ги дискутираат резултатите од анкетата на Македонија2025 спроведена со инвеститори од дијаспората. Високи 77 проценти од испитаниците ја издвојуваат Македонија како добра дестинација за инвестирање, најмногу поради ниските трошоци за труд (38%)  и присуството на компетентна работна сила (31%). Ниските даноци се еден од најзначајните фактори кои ги привлекле да инвестираат во земјата.

- Advertisement -

Истражувањето отвора прашања поврзани со квалитетот на институционалната поддршка и климата за водење бизнис. Правната комплексност, корупцијата и сложените административни процеси претставуваат главни пречки при водењето бизнис за речиси 40 проценти од анкетираните. Дури 55 проценти од нив се соочиле со проблеми при самото отпочнување на инвестициите.

Брендан Филиповски – Директор за истражување во Македонија 2025 нагласи дека „сите институции кои се во допир со инвеститорите треба да назначат стручни лица за контакт кои по забрзана постапка ќе ги процесираат барања на инвеститорите и ќе овозможат транспаретно и навремено добивање на документи“.

- Advertisement -

Во идниот период, Македонија 2025 ќе се фокусира на спроведување конкретни мерки за решавање на увидените бариери за водење бизнис и кон градење постабилна платформа за комуникација и соработка помеѓу странските инвеститори и Владата на Република Македонија. Целта е зголемен економски развој и привлекување на што поголем број странски инвестиции во земјата.

Целосното истражување и заклучоците од настанот се јавно достапни на нашата официјална веб-страна http://www.macedonia2025.com/

Сподели!
- Advertisement -