Кина гради поморски мост долг 50 километри

- Advertisement -

Кина гради поморски мост долг 50 километри до Хонконг. Мостот се вика Hong Kong-Zhuhai-Macau и е речиси готов. Кога ќе биде завршен ќе биде најдолгиот прекуокеански мост во светот. Со мостот ќе се скрати патувањето со автомобил помеѓу трите градови од 4 часа на само 45 минути.

Мостот ќе поминува над делтата на Бисерната Река или Џуџиан и ги поврзува Хонгконг со Жухаи и Макау. Целта на Кина е со мостот да поттикне на интеграција во регионот. Најголем ефект од мостот ќе има во Макау, кој ќе се отвори за масовниот туризам. Градот веќе привлекува бројни туристи со своите ресорти и казина.

- Advertisement -

Мостот е комплексен проект кој е дизајниран да биде отпорен на силни бранови, па дури и на тајфуни. Во рамките на проектот има и подводен тунел помеѓу два вештачки острови по кој ќе се движат бродови. Се очекува да биде готов до крајот на годината.

 

- Advertisement -

(World Economic Forum)

Сподели!
- Advertisement -