Јапонските училишта немаат хигиеничари – децата чистат самите

- Advertisement -

На јапонските училишта не им се потребни хигиеничари. Повеќето училишта таму воопшто немаат вработени кои ја одржуваат хигиената. Училишниот систем верува дека доколку учениците се ангажираат сами да ги чистат училиштата, ќе научат што значи почит, одговорност и ќе се стави акцент на еднаквоста на учениците. Токму затоа чистењето е заедничка задача.

Времето додека се чисти се користи за интеракција меѓу учениците, па токму затоа не се смета дека е здодевна обврска како што се смета на Западот. Учениците во Јапонија дури и сами го послужуваат ручекот. Потоа кога ќе завршат со јадење го чистат тоа што го извалкале. Сите деца амбалажата од млекото ја ставаат за рециклирање. Еден ученик потоа ги мие сите амбалажи. Тие се сушат во училница еден ден, па се собираат во кеси за рециклирање.

- Advertisement -

Сепак, за поголемите и побитни проекти тие добиваат помош од возрасните. На тој начин тие си ја градат својата самодоверба. Чистењето на нередот што ќе го направат самите ги подготвува за реалниот живот.

(Daily Social)

Сподели!
- Advertisement -