Дубаи гради прототип на марсовски град

- Advertisement -

Владата на Обединетите Арапски Емирати го задолжи светски познатито архитект Бјарке Ингелс, основач на BIG study, да изгради прототип на марсовски град во пустина, а дизајнот на градот е одушевувачки. Оваа најава дојде неколку дена пред Илон Маск и SpaceX да најават роботски летови на Марс до 2022 година.

Обединетите Арапски Емирати планираат да изградата мини-град на Марс до 2117 година. Проектот Mars Science City е само чекор во тој правец. Ќе чини 140 милиони долари, ќе покрие површина од околу 180.000 квадратни метри и ќе биде реалистичен модел во кој ќе се симулира живот на површината на Марс.

- Advertisement -

Целта на проектот е да се привлечат најдобрите научници од целито свет. Проектот е навистина привлечен за научниците и инженерите и некои од нив ќе можат да живеат во овој марсовски град во период од една година.

Mars Science City ќе се состои од неколку меѓусебе поврзани полутопки со неколку лаборатории за храна, енергија и вода, како и за тестирање на земјоделски култури. Овој град не само што ќе го симулира животот на Марс со помош на технолгогија за 3Д печатење, тамошната температура и радијација, туку ќе работи на решавање на глобалните проблеми со недостигот од храна, вода за пиење и енергија на Земјата.

- Advertisement -

Во прототипот ќе има и музеј чии ѕидови ќе бидат 3Д печатени со песок од пустина, каде што младите жители ќе се едуцираат за најглемите достигнувања на човештвото во вселената.

(Mashable)

Сподели!
- Advertisement -