Партнерството меѓу Emirates и flydubai ги најавува првите заеднички рути

- Advertisement -

По започнувањето на нивното партнерство Emirates и flydubai денеска објавија дека Emirates ќе ја прошири својата мрежа на 29 дестинации на три континенти на кои леташе flydubai. Новата партнерска мрежа, преку своите заеднички (код-шер) летови ќе понуди поголема фреквенција и полесен пристап до повеќе глобални дестинации, со предност на поврзување на багажот до крајната дестинација. Патниците можат да резервираат веќе од 03 октомври на Emirates.com, преку контакт центрите на Emirates или преку мрежата од туристички агенции за патувања кои почнувајќи од 29 октомври 2017 година.

Н.Е. Шеикот Ахмед бин Саид Ал Мактум, претседател и главен извршен директор на Emirates Group и претседател на flydubai, рече: „Ова е возбудлив прв чекор во отклучувањето на придобивките од партнерството за патниците кои ќе имаат можност да уживаат во уникатните предности кои секоја авиокомпанија ги нуди, како и поголем избор и флексибилност при поврзување преку Дубаи. Ова е само почеток и како што ќе ја прошируваме партнерската мрежа во наредните месеци, ќе отвориме повеќе можности за нашите патници да го истражуваат светот”.

- Advertisement -

Во текот на патувањето Emirates и flydubai на патниците ќе им овозможат искуства со производи кои ќе ги одразуваат уникатните карактеристики на брендот. Кога ќе се резервира заедно, како дел од код-шер, патниците на Emirates ќе добијат бесплатни оброци и багаж чекиран во Emirates за летови што ќе ги врши flydubai во бизнис и економската класа.

Поврзувањето во воздухопловниот центар на Дубаи нуди лесно трансфер искуство, а од новото партнерство, патниците ќе имаат корист од намалено минимално време за поврзување (MCT) помеѓу седиштето на Еmirates на терминал 3 и flydubai на терминал 2 до 120 минути.

- Advertisement -

Денешното соопштение е почетна фаза од еден опсежен договор којшто во следните фази ќе го покаже создавањето на дополнителни врски меѓу градовите, како што договорот за код-шер се проширува и мрежите на двете авиокомпании се оптимизирани.

Повеќе бенефиции за честите патници

- Advertisement -

Во оваа прва фаза на партнерството, членовите на Emirates Skywards може да заработат Skywards miles и Skywards Tier Miles на код-шер летовите, според постоечката програма за километража. Покрај бесплатното чекирање на багажот на Emirates, членовите на Skywards Premium, исто така, можат да уживаат и во носење дополнителните багаж од 20 килограми (членови на Платинум членови), 16 килограми (Златни членови) и 12 килограми (Сребрени членови) на код-шер летови со кои управува flydubai. Членовите на Skywards Silver, Gold и Platinum, кои патуваат на код-шер летови, можат да пристапат до шалтерите на flydubai и да добијат приоритетни ознаки. Понатамошни придобивки и програми за лојалност за оние членови кои често летаат со овие две авиокомпании ќе бидат објавени во догледно време.

Emirates и flydubai партнерство за код-шер дестинации
Град             Име на држава
Баку               Aзербејџан
Сараево        Босна и Херцеговина
Софија          Бугарија
Прага            Република Чешка
Асмара          Eритреја
Тбилиси       Грузија
Лакхнау        Индија
Ахваз             Иран
Бандар АбасИран
Исфахан       Иран
Лар                 Иран
Шираз           Иран
Наџаф           Ирак
Кувајт            Кувајт
Бишкек         Киргистан
Скопје           Македонија
Мускат          Оман
Салала          Оман
Букурешт     Романија
Казан            Русија
Краснодар   Русија
Минерални Води Русија
Ростов-на-Дон Русија
Самара         Русија
Екатеринбург Русија
Белград        Србија
Јува Јужен  Судан
Киев              Украина
Одеса            Украина

Сподели!
- Advertisement -