Стартап нацијата Израел го дуплира бројот на вработени во компании за висока технологија

- Advertisement -

Израелската управа за иновации планира да го дуплира бројот на вработени во компании за висока технологија и истовремено ги охрабрува другите компании да станат поиновативни. Во г0дишниот извештај на управата се наведува дека нема доволно квалификувани инженери и софтвер професионалци и дека атоа растат платите и трошоците, па индустријата не може да се развива толку брзо како што би можело.

Во компаниите за висока технологија денеска се вработени околу 250.000 луѓе, што е 8,3% од работната сила во Израел, и покрај репутацијата на земјата како стартап нација. Управата за иновации планира тој број да го зголеми на половина милион луѓе. Од 2005 до 2015 година платите во секторот се зголемија за 38%. Просечната месечна плата сега изнесува околу 6.000 долари, што е повеќе од двојно од просечната плата во земјата.

- Advertisement -

Израелскиот производствен сектор не е доволно иновативен и има тешкотии во натпреварот со евтините азиски земји. Таа индустрија не одговара секогаш на истите стандарди и квалитет како на Западот. Заклучокот на извештајот е дека ако не се унапреди, ќе се појави јаз меѓу економијата на високата технологија и старите економии и затоа се истакнува потребата за воведување роботика и сензори во технологијата за производство.

(N1info)

Сподели!
- Advertisement -