Најголемата хрватска ИТ компанија го произведе првиот хрватски 4K телевизор

- Advertisement -

Откако лани производството на телевизори во целост го префрли од Кина во Хрватска, најголемата ИТ компанија во Хрватска, групацијата M SAN, ја заокружи понудата на телевизори под сопствен бренд и влезе на премиум сегментот од пазарот. M SAN вчера на пазарот го претстави првиот хрватски 4K телевизор, Vivax LED UHD TV. Новиот уред поддржува и дигитален и сателитски прием на Тв сигнали, а доаѓа со вграден Android TV со LAN и два USB приклучоци, преку кои на него може да се инсталираат Android игри, да се гледа  YouTube и да се користат други апликации достапни на Google Play.

Владимир Бркљача, директор на Vivax во групацијата M SAN, вели дека по преселувањето на производството во Хрватска капцитетот од 180.000 единици годишно многу брзо го унапредиле до ниво да можат да произведуваат чистокрвни  SMART UHD 4K LED телевизори. Тој наведува дека во понудата имаат три дијагонали, односно три модели на Vivax 4K телевизорот од 43, 49 и 55 инчи.

- Advertisement -

Хрватска стокова марка Vivax, која постои 13 години, од лани стана најголем извор на приходи во групацијата M SAN. Вкупно од лансирањето досега има донесено промет од околу 100 милиони евра. Пани, пак, под брендот Vivax групацијата генерираше приход од 38,6 милиони евра или 17% од вкупно остварените резултати. За 2017 година групацијата најави дека сака приходите во тој сегмент да ги подигне на 45,3 милиони евра.

Во рамките на Vivax, M SAN развива, произведува и продава паметни телевизори, мобилни телефони клима уреди и паметни кујнски апарати. Бркљача вели дека и кај паметните телефони и кај паметните UHD телевизори очекуваат раст на побарувачката во наредниот период.

- Advertisement -

Од M SAN истакнуваат и дека работат на развој на технологија за паметен дом. Покрај можноста за контрола на клима уредите преку мобилен телефон сега нудат и можност за контрола на ТВ уредите преку мобилен телефон, како и префрлање на фотографии од мобилен телефон на телевизор.

(Poslovni Dnevnik)

Сподели!
- Advertisement -