Tip of the Week – Површни луѓе

- Advertisement -

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој

Јас не знам човек што сака да збори или да се дружи со површни луѓе? Но, знам многумина кои би поминале повеќе време со луѓе со вредности, со луѓе од кои можеш нешто да научиш.

Но, проблемот е што површните луѓе се околу нас и тешко можете да ги приметите. И си муабетиме со нив, се дружиме. Но, порано или подоцна површноста искача на виделина, а тешко е да си признаете дека не сте биле во право уште од самиот почеток.

- Advertisement -

Некои од карактеристиките на површните луѓе се:

  • Малку (да не кажам воопшто) се грижат за другите и се фокусирани најмногу на себеси. При секоја работа прво гледаат најмногу на тоа што има од целата работа за нив, па после тоа дали е добра или не е добра работата.
  • Знаат многу лесно да се дефокусираат. Сè нешто друго ги интересира и најчесто е поврзано со прилив на пари за нив.
  • Никогаш не грешат, секогаш некој друг им е крив. И кога мислите дека треба да им укажете дека тие грешат, и со тоа ќе се променат, тешко сте се излажале.
  • Немаат никогаш мислење за ништо и со самото тоа кај нив чувството е супериорно. Но, ако навлезете малку подлабоко во нивната психологија, ќе увидите дека тоа е така поради незнаење, немање искуство, незаинтересираност.
  • Прават многу грешки. Прават многу грешки затоа што се површни… едноставно е! Нивните чести грешки се доволен доказ за тоа.
  • Ги земаат заслугите на тимот иако тие имаат најмалку заслуга на сето што е направено.
  • Кога има проблем во работењето, тие се секогаш зафатени или имаат премногу работа. Не е проблем тоа дека се зафатени, но тоа толку го истакнуваат што се чини дека другите воопшто немаат работа.
  • Мобилниот телефон е цело време покрај нив и нонстоп го проверуваат. Премногу или цело време се активни или присутни на социјалните медиуми. Овие две работи им се најдобар пријател, а тоа всушност, само ги дефокусира.
  • Озборуваат и прават празни муабети. Понекогаш ова трае и со часови и мислам дека тоа не им е добро инвестирано време.
  • Многу лесно се демотивираат и ако сакате да ги мотивирате, ќе ви биде потребно многу време и енергија. Демотивацијата е најчесто нереална и потекнува од нивната површност во знаењето и искуството, но и желбата за самокритичност.

Има уште многу карактеристики, но и покрај нив, важно е како ве гледаат луѓето. А како гледаат луѓето на вас и каков впечаток им оставате, зависи најмногу од вас самите. Само немојте да ги обвинувате другите за тоа како гледаат на вас, тоа е нивна перцепција. Единствено што можете да направите е да се промените и да не бидете површни.

- Advertisement -

Со успех во промените,
@kalin.babusku,
член на тимот

Сподели!
- Advertisement -