Девет грешки на менаџерите поради кои ги губат најдобрите работници

- Advertisement -

Неверојатно е колку често менаџерите се жалат дека нивните најдобри вработени даваат отказ и тоа невистина вознемирува, зашто ништо не ги чини толку колку заминувањето на најдобриот кадар. Зошто?

Вината за тоа менаџерите често ја префрлаат на сè друго и на сите други освен на себеси и ја игнорираат суштината на проблемот: луѓето не даваат отказ, тие бегаат од менаџерите!
Тажната вистина е дека сето тоа може да се избегне, а сè што треба да се направи е да менаџерите да ги погледнат работите од друга перспектива и да се потрудат малку повеќе.
Најпрвин, треба да ги знаат деветте најлоши грешки што може да ги направат поради кои вработените уште веднаш ќе им речат збогум:

  1. Им даваат премногу задолженија на вработените
    Ништо не ги обесхрабрува вработените како претераната работа. Менаџерите многу лесно паѓаат во замката на преголемите обврски за нивните најдобри вработени, но тоа праќа поинаква порака кај вработените: дека се казнети поради одличниот успех на работа. Претерувањето со обврските е и контрапродуктивно. Најновото истражување на Стенфорд покажува дека продуктивноста по час забележува нагло паѓање кога бројот на работни часови неделно надминува 55 часа, така што нема никаков бенефит од премногу работа.

Доколку сепак мора да им наметнете повеќе обврски на најдобрите членови на вашиот персонал, должни сте барем истовремено да им го покачите статусот. Талентираните работници можат да поднесат поголем товар, но не доколку работата почне да ги задушува. Доколку е проследено со покачувања на плата, унапредувања и давање нови титули, тогаш поголемиот работен товар е далеку поприфатлив. Доколку само им додавате нови задачи без да промените ништо, набрзо ќе побараат работа каде што ќе им го ценат вложениот труд.

- Advertisement -
  1. Не оддаваат признание на тие кои придонесуваат и не ја наградуваат добро завршената работа
    Лесно е да се потцени моќта на потчукнувањето по рамо како знак за поддршка, особено кога се работи за врвни работници кои постојано се мотивирани. Секој сака кога го фалат, а никој не го цени тоа повеќе од тие кои непрекинато се трудат и даваат сè од себе. Менаџерите мора да комуницираат со своите вработени за да дознаат што би ги направило среќни (некои од нив би се задоволиле со покачување на плата, додека други, пак, сакаат јавно признание) и да им го дадат токму тоа.
  2. Не водат сметка за вработените
    Повеќе од половина од луѓето кои ја напуштаат работата причината ја лоцираат кај односот со нивниот претпоставен. Компаниите кои работат паметно наоѓаат начини да ги натераат менаџерите да балансираат меѓу професионалноста и човечноста. Таквите менаџери слават заедно со вработените кога постигнале некој успех, сочувствуваат со тие кои имаат проблеми и ги предизвикуваат, дури и кога тоа е најтешко. Шефовите кои не се грижат навистина за вработените и не го покажуваат за тоа на својата работна маса ќе наоѓаат најмногу откази. Невозможно е да се работи за личност која не се интересира за вас како личност, туку исклучиво за резултатите кои ги постигнувате.
  3. Не ги исполнуваат ветувањата
    Доколку ветувате многу работи или ќе бидете причинител на среќата на другите или ќе многу често ќе ги разочарувате. Кога ќе си стоите на дадениот збор се издигнувате во очите на вработените затоа што се докажувате како доверлива личност вредна за почит, кои се две многу битни особини на еден шеф. Но, доколку ги запоставувате ветувањата, ќе ве сметаат за безгрижни, недоверливи и безвредни. Освен тоа, доколку шефот не ги почитува своите обврски, каков пример има дава на другите?
  4. Вработуваат и унапредуваат погрешни лица
    Добрите вредни работници сакаат да работат со професионалци кои имаат слични сфаќања како нив. Кога менаџерите не вработуваат соодветен кадар, тоа ги демотивира другите кои работат со нив. Уште полоша ситуација е кога промовираат незаслужни лица. Кога некој вложува максимални напори за да даде совршен резултат, а вие му ја припишувате сета заслуга на некој кој не мрднал ни со прст сте нанеле сериозна навреда. Не е ни чудо што луѓето ве напуштаат ако се пронаоѓате во овие редови.
  5. Не им давате простор на вработените да се докажат
    Талентираните вработени работат со страст. Тие ќе бидат многу попродуктивни и задоволни од работата доколку им давате слобода да го работат тоа што го сакаат. Но, многу менаџери сакаат луѓето да работат затворени меѓу 4 ѕида затоа што се плашат дека доколку им дозволат на вработените да ја покажат креативноста ќе се намали продуктивноста. Таквиот страв е сосема неоснован. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат работат со страст работат пет пати попродуктивно отколку тие кои не го сакаат тоа што го работат.
  6. Не ги развиваат вештините на вработените
    На прашањето зошто не им обрнуваат посебно внимание на вработените менаџерите измислуваат разни изговори поврзани со довербата, автономијата и давањето моќ. Тоа е чиста глупост. Добрите менаџери можат да менаџираат без разлика на тоа колку се талентирани вработените. Им обрнуваат внимание, постојано ги ислушуваат и им даваат повратен одговор.
    Нема крај на менаџирањето. Кога вработените се талентирани, ваша задача е постојано да ги обучувате за нови работи. Најталентираните меѓу нив очекуваат фидбек од вас. Доколку не го добијат, вашите најдобри работници ќе се заситат од работата и ќе ве остават.
  7. Не ја промовираат креативноста
    Талентираните вработени сакаат да ги разубавуваат , да ги подобруваат работите околу нив. Доколку им ја одземете слободата да ги менуваат и да ги унапредуваат работите затоа што вам ви е пријатно во некоја статус кво позиција, тие ќе ја замразат работата. Доколку ги ограничувате нив, се ограничувате и себеси.
  8. Не ги предизвикуваат вработените да станат подобри
    Вистинските шефови ги предизвикуваат вработените така што им задаваат навидум тешки и неостварливи задачи. Наместо да им поставуваат некои реални цели, тие ги тераат луѓето да ги тестираат сопствените можности и даваат сè од себе за да им помогнат во остварувањето на тие цели. Кога талентираните и интелигентни лица ќе се најдат во средина каде што сè изгледа лесно и досадно, ќе побараат друга работа која е предизвик за нивниот интелект.

Заклучок
Ако сакате да го задржите вашиот најдобар кадар, треба внимателно да размислите како да се однесувате со нив. Иако добрите работници се жилави, нивниот талент им отвора безброј врати. Мора да ги натерате да посакаат да останат покрај вас.

(Извор: Entrepreneur)

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -