Футуристички шумски патеки за шетање во Данска

- Advertisement -

Архитектонското студио EFFEKT ги објави плановите за изградба на шумски патеки конектирани во една кула од спирали со поглед од 360 степени  над шумата во Хасли, Данска. Локалното студио дизајнираше непрекината дрвена патека поставена на високите дрвја во рамките на еден парк за авантури на југо на Копенхаген. Кулата има форма на песочен часовник, а висока е 45 метри. Надворешниот изглед се вклопува во боите на природата и не попречува на дрвјата.

Почнувајќи на копно дрвената рампа ќе ги носи посетителите преку еден мост, дрвени скали и потоа по патека ни шумата. Посетителите на крајот ќе пристигнат до кулата висока 13 каат, на која на врвот има платформа за набљудување. Слични патеки креираше Tetsuo Kondo Architects во Талин, Естонија и Marks Barfield Architects во Лондон.

- Advertisement -

Пределот каде што се наоѓаат шумските патеки е ридски, а околината е претежно рамна со езера, потоци, мочуришта. Патеката ќе биде поделена на два дела: повисоките патеки ќе поминуваат низ постари делови од шумата, додека пониските патеки ќе поминуваат низ помладите дрвја.

 

- Advertisement -

(Dezeen)

Сподели!
- Advertisement -