Mama’s учествува на најголемиот светски саем за храна и пијалaци во Келн

- Advertisement -

Македонската компанија Mama’s, лидер во производството на домашни традиционални производи во прехранбената индустрија, се претставува на најголемиот светски саем за храна и пијалаци, Ануга, кој се одржува од 7 до 11 октомври во Келн, Германија.

На површина од околу 284.000 квадратни метри изложбен простор се претставуваат повеќе од 7.400 изложувачи од 107 земји.

- Advertisement -

„Mama’s денес е уникатно позициониран како единствен производител на специјални производи за храна кои се продаваат во многу премиум продавници во светот. Ние ги следиме трендовите на храна со цел да ги задоволиме потребите на потрошувачите за вкусна и здрава храна“ изјави Бобан Заев, извршен директор на Mama’s.

Посетителите на саемот покажуваат огромен интерес за ајварот, лутеницата, малиџаното, како и за слатката на Mama’s. Како што сами кажуваат, најмногу го ценат фактот што тие се направени од 100% природни состојки – без вештачки бои, адитиви, конзерванси, згуснувачи или скроб. Сертификатите за квалитет, што компанијата ги поседува, само го потврдуваат ова.

- Advertisement -

Mama’s своите производи ги продава во повеќе од 35 земји ширум светот.

(MKD.mk)

Сподели!
- Advertisement -