Rimac Automobili доби нова инвестиција од 30 милиони евра

- Advertisement -

Како што веќе долго време се зборува на пазарот, а најавено е во објави на берзите од страна на најголемиот азиски производител на батерии, Camel Group Ltd., склучен е договор за инвестиција од дури 30 милиони евра, од кои 3 милиони евра одат за Greyp Bikes. Како што тврдат од Rimac Automobili, парите ќе се користат за финансирање на нови производи, проширување на производните капацитети и глобално ширење на компанијата.

Основачот на Rimac Automobili, Мате Римац, по повод инвестицијата истакнува дека во текот на годината на пазарот се етаблирале како даватели на технологија и креирале соработка со многу светски производители. Според него, од 2012 година досега се профитабилни и растат многу брзо, и тоа двојно секоја година. Освен со електрични мотори и систем за управување со возила, Rimac Аutomobili се занимаваат и со системи за infotainment и системи за телеметрија.

- Advertisement -

„Оваа инвестиција ќе ни помогне за забрзување на растот, за воведување нови производи на пазарот и ширење на глобалното присуство. Две клучни области се изградба на нов производен погон и изработка на нов електричен автомобил, кој ќе биде прикажан идната година“ вели Римац.

Нашата стратегија е агресивно да се тргне во работа со нови електрични возила, нудејќи нашредни системи за напојување на акoмулатори, напонски системи и други делови на возила и тоа за главните производители на комерцијални и персонални возила во Кина. По добро проучување на пазарот во потрага за технолошки партнери, Rimac се совршени за нас како водечка компанија во развојот на технологија за електрични возила и мнгоу други области. Во текот на нашите посети во Хрватска најмногу бевме импресионирани од компанијата Rimac Аutomobili и нивната силна вертикална интеграција и тоа поради фактот дека имаат развој и производство на сите клучни системи за возила во само една компанија“ вели Лиу Чангај, извршен директор на Camel Group.

- Advertisement -

(ICTBusiness)

Сподели!
- Advertisement -