Ирскиот претприемач Џон Колисон е најмладиот милијардер во светот

- Advertisement -

Еден од најмладите самостојни светски милијардери е ирскиот претприемач Џон Колисон, кој е два месеци помлад од соосновачот на социјалната мрежа Snapchat, Еван Шпигел. Заедно со својот две години постар брат Патрик во Сан Франциско ја основаа софтверската платформа Stripe, која овозможува онлајн плаќање.

Џон и Патрик се само двајца од само четворица самостојни милијардери во своите дваесетти години. Во 2007 година, кога Џон има само 17 години, тој го основа мрежниот систем за управување со аукции наречен Shuppa и во 2008 година го продаде за 5 милиони долари.

- Advertisement -

Пред да ја основа Stripe заедно со својот брат во 2011 година, тој на Харвард студира физика, од која подоцна се откажува. Досега Stripe има привлечено повеќе од 450 милиони долари инвестиции, а меѓу инвеститорите се Visа, American Express и Илон Маск. Денес вреди повеќе од 9,2 милијарди долари.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -