Стaртап од Индијa прави паста за заби од урина од крави

- Advertisement -

Cowpathy е компанија од Мумбаи која произведува производи со голема медицинска вредност и се целосно базирани на кравите. Тие го користат изметот од кравите, урината, путерот што се добива од млекото итн.

Cowpathy продава сапуни, паста за заби, средства за чистење подови, креми за бричење, средства за лице итн. Сапуните што ги прави се направени од измет од крави, лушпи од портокал, лаванда и бобинки. Пастата, пак, за заби е направена од кравји измет и од урина. Сега компанијата подготвува линија козметички препарати и медицински производи.

- Advertisement -

„Во индиската култура се споменуваат медицинските својства на урината и изметот од кравите. Ayurveda е хомеопатски метод кој користи многу тревки, но изметот од кравите со своите антибаткериски својства се смета за многу чист и е дел од Ayurveda“ вели извршниот директор и основач на Cowpathy, Умеш Сони.

Умеш најпрвин ја основал компанијата Biobliss во 2012 година. Во тоа време Cowpathy бил бренд во рамките на Biobliss кој се фокусирал на сапуни направени од кравји измет. Сони студирал микробиологија и пред да ја лансира компанијата работел на козметички производи и средства за лична хигиена.

- Advertisement -

Во 2016 година Умеш ја преименувал Biobliss и ја регистрирал Cowpathy како компанија и потоа ги патентирал сапуните направени од кравји измет. Денес неговата компаниј продава повеќе од 45.000 сапуни месечно во Индија и во 13 други земји, меѓу кои и во САД.

(World Economic Forum)

Сподели!
- Advertisement -