Пакомак денеска стартува голема акција за чистење на Скопје

- Advertisement -

Компанијата „Пакомак“ започнува со акција за чистење на Скопје под мотото „Селектирај иднина!- Заедно за почиста животна средина“

Првата акција започнува денес во 11 часот во населбата Скопје- Север, а за сите кои сакаат да се приклучат ќе биде обезбеден бесплатен превоз кој ќе тргнува од фонтаната во Градскиот парк во 10,30 часот. Деталите ги има на  на компанијата.

Од компанијата велат дека бројот на локации од ѓубришта кои го „разубавуваат“ Скопје станува сè поголем, а колективната свест е спуштена на доволно ниско ниво за да направи од нас роботи кои минуваат покрај отпадоци и не превземаaт ништо.

- Advertisement -

„Редовната појава на нечистотија и неодговорност кај нас создаде слепило кое не дозволува да го замислиме Скопје во една поубава форма. Промената почнува од нас самите, затоа да излеземе од удобноста на нашите домови и да бидеме тие кои ја прават промената. Да бидеме пример за останатите, пример за нашите деца, внуци, најмлади…“, велат во „Пакомак“.

Сподели!
- Advertisement -