Цел свет ја сака хрватската модуларна маса Modulos

- Advertisement -

Иновативната модуларна маса Modulos од Хрватска ја оствари целта на кампањата за групно финансирање на Kickstarter и собра 34.000 долари, иако главната цел им беше 30.000. Во текот на кампањата Modulos доби нарачки од бројни земји од светот, меѓу кои САД, Велика Британија, Швајцарија, Холандија и Германија. Поголем дел од собраните средства ќе се инвестираат во првата фаза од производството, која ќе стартува веднаш по кампањата, додека остатокот ќе биде искористен за понатамошен развој на производот и на брендот.

Освен успешната кампања, краторот на клупата Матеј Гроздановиќ е задоволен и со целокупниот фидбек на производот затоа што опипувањето на пазарот беше една од целите на кампањата. Во текот на последните 10 месеци добија бројни признанија за квалитет на производот, како од струката така и од потенцијалните крајни купувачи. Освен тоа приказната за Modulos ја пренесоа многу домашни и странски медиуми.

- Advertisement -

Во текот на целата кампања во соработка со Панонскиот дрвен центар Компетенција напорно работеа на развој и тестирање на прозиводот, па беа претставени неколку модули кои нарачателите ќе можат да ги изберат како доградба на постојните сетови: Twist модул за штекери вградени во масата, Rotary модул со приклучок за таблет и Wireless Charging модул со вграден висококвалитетен безжичен полнач.

Modulos стана и дел од програмата Startup Factory Zagreb, односно акцелераторска програма за млади стартапи, која ја покрена Развојната агенција на Град Загреб. Преку програмата се планриа забрзување на развојот и преку предавања и соработка со тамошни ментори да се подигне Modulos на друго ниво со цел што поуспешно пласирање на производот на меѓународниот пазар.

- Advertisement -

(24sata)

Сподели!
- Advertisement -