Фински архитект направи мобилни микро згради кои се градат за еден ден

- Advertisement -

Многумина не би можеле да замислат да живеат во стан со големина на паркинг место, но микро зградата Tikku е доказ дека може да биде удобен и доволен за живот. Како решение за проблемот со недостиг на простор во урбаните срединит финскиот архитект Марко Касагранде направи мобилна микро зграда која може да се постави за помалку од еден ден. Трикатната микро зграда е дизајнирана да биде мобилнан за да може да оди секаде каде што може да помине еден автомобил и да функционира самостојно надвор од електрична мрежа.

 

- Advertisement -

Tikku, што на фински значи стапче, го доби името поради својот изглед. Модулите кои се поставуваат еден над друг зафаќаат површина колку едно паркинг место од 2,5 до 5 метри и нема потреба од поставување темели благодарение на кутијата со песок поставена на дното на мини зградата. Според архитектите, дури и за време на финските студени зими дрвото дебело 20 сантиметри од кое се направени ѕидовите е доволно за зградата да биде топла без дополнителна изолација.

Првиот прототип на  Tikku беше претставен на Неделата на дизајн во Хелсинки. Микро зградата има три ката. Еден за спиење, другиот за работни простории и третиот кат е стакленик. Модулите лесно може да се прилагодуваат и да се додаваат различни простории од кујна и сауна до соба за плетење или работилница.

- Advertisement -

 

Tikku работи на соларна енергија. Микро зградата има и тоалети, но нема вода, така што за бањање и перење алишта корисниците ќе мора да користат јавни простории, што е сосема нормално за градови како Токио и Хелсинки кои ја имаат потребната инфраструктура. Архитектите целат дека Tikku прибежиште за урбаните жители, модерна пештера за модерните номади. Зградата нуди приватност, безбедност и удобност, а останатите потребни работи ќе се најдат во околината.

- Advertisement -

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -