Facebook ќе му конкурира на LinkedIn – тестира опција за CV/резиме

- Advertisement -

Експанзијата на Facebook на сите полиња е речиси незапирлива. Марк Цукерберг и неговиот тим се доминантни на пазарот, тоа што го сакаат го купуваат без двоумење, а исто така воведуваат и нови опции. Кога станува збор за понудата и побарувачката за работа, барем на глобално ниво на прво место е LinkedIn. Оваа платформа се етаблираше како водечка „фабрика на работни места“, но и тоа може да се смени затоа што Facebook почна да тестира опции слични на LinkedIn.

Facebook моментално на месечно ниво има повеќе од 2 милијарди активни корисници, па сосема е легитинма опцијата сериозно да му конкурира на LinkedIn. И досега на Facebook можевме да објавуваме работно искуство, преференции за работа, па дури и CV, но сето тоа се губи во морето од податоци кои ги објавуваме. Веројатно токму затоа Facebook почна да тестира нова опција која овозможува еден вид филтрирање на информациите кои сакаме да ги објавиме, а се врзани само за работа и планови за работа.

- Advertisement -

Веќе постојат примери како би можело да изгледа тоа, иако од Facebook не објавуваат кога оваа опвција би се имплементирала и овозможила за сите корисници. Меѓутоа, јасно е дека овој егмент е многу интересен и потенцијално профитабилен, па можеме да очекуваме дека Facebook во блиска иднина се поинтензивно ќе работи на тој план.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -