Louis Vuitton го отвори првиот ресторан во Јапонија

- Advertisement -

Во новата престижна продавница на францускиот луксузен бренд Louis Vuitton отворен е првиот сензационален ресторан Sugalabo V. Ресторанот се наоѓа на врвиот на гламурозниот бутик на четири ката, а е дизајниран да претставува едра на традиционален јапонски товарен брод.

Секоја вечер во ресторанот ќе се нуди комбинација од јапонска и француска храна, а кујната ја води прочуениот јапонски готвач Јосуке Суга. Се разбира, само на избрана клиентела ќе и биде дозволен влез со претходна резервација.

- Advertisement -

Louis Vuitton дизајнираше и посебни чинии со логото, а уште не се знае дали тие чинии ќе се најдат во слободна продажба.

Покрај ресторанот, ќе има и бар со тераса за кој инспирацијата ја добиле од морското синило, а за да нема долги редови и чекање да се испие пијалак, гостите ќе се регистрираат и ќе ги остават своите податоци, па ќе бидат повикани кога за нив ќе се ослободи место.

- Advertisement -

Дотогаш ќе можат да ги разгледуваат најновите колекции подготвени за јапонската елитна клиентела.

Сподели!
- Advertisement -