Кина забрани изградба на ексцентрични и чудни згради повисоки од 500 метри

- Advertisement -


Владата на Кина забрани изградба на згради повисоки од 500 метри и плагирјаторство, имитација и копирање на дизајнот на новите згради кои ќе се градат во земјата. Од владата велат дека треба да почне нова доба на архитектурата во која зградите ќе претставуваат дел од културата и духот на градовите.

Со оваа директива се повикува на крај на преголемите, ексцентрични и чудни згради. „Не се работи само за висината. Станува збор за кинеската култура, урбаниот контекст, духот на градовите и современиот изглед. Ние во академската заедница доста дискутиравме за тоа, а сега конечно тоа дојде и во владините документи“ вели професорот за азиска ахритектура Ли Шикиао.

- Advertisement -

Од десет згради кои се повисоки од 500 метри во светот половина се наоѓаат во континентална Кина. Меѓу нив е и вториот највисок облакодер во светот, Шангајската кула висока 632 метри и финансискиот центар Пинг Ан во Шенжен висок 599 метри. Во последните две години им се приклучија и Ситик кулата во Пекинг и финансискиот центар CTF во Тианџин, кои се седма и деветта највисока кула во светот.

Во централниот дел на Пекинг веќе се применува ограничување на висината на новите згради на околу 180 метри. Кинеските градови сега се преполни со недовршени кули поради забавениот економски раст. Околу 70 кинески згради кои требало да бидат повисоки од 200 метри моментално се „на чекање“. Три од недовршените кули требало да ја надминат висината од 500 метри, вклучувајќи ја и огромната Goldin Finance 117 во Тианџин, која престана да се гради пред повеќе од 10 години.

- Advertisement -

Владиниот документ предвидува и црна листа со архитекти кои плагираат за да се поттикне почитување на законот и прописите за планирање.

(Seebiz)

- Advertisement -

(фото: Freepik)

Сподели!
- Advertisement -