1 C
Skopje
четврток, февруари 25, 2021

И Хрватска планира да воведе КОВИД-пасош

Kabtel desktop

Хрватска работи на билатерални договори за полесно преминување на границите против КОВИД-19 без PCR тест со цел да се олесни патувањето во туристичката сезона.

Утре ќе се одржи состанок на Европската комисија на тема КОВИД-пасош за што порано да се дефинира како ќе се патува ова лето во внатрешноста на Унијата, но и пошироко.

Хрватска досега чекаше заедничко решение на ЕУ, за разлика од некои други членки кои веќе потпишаа договори на своите пазари. Грција, која уште пред еден месец прва го покрена прашањето за КОВИД-пасошот на ниво на ЕУ, досега потпиша договор со Израел, како и со Кипар, а сега најавува договор со Велика Британија.

Клучното прашање кое сакаат да го решат со КОВИД-пасошите е прашањето ан трошоците, кои ќе бидат високи за сите кои треба да се тестираат пред и после патувањата.

(Poslovni dnevnik)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •