Објавен конкурсот за стипендиите НОВА- Борис Трајковски 2023

- Advertisement -

На 28 ноември, стартува конкурсот за стипендии во Меѓународото училиште НОВА, наменет за најталентираните деветтоодделенци од јавните основни училишта. Ова е долгогодишна етаблирана програма на стипендии, која досега поддржала стотици ученици а вредноста на стипендиите досега изнесува  1,9 милиони евра.

Стипендиите кои се доделуваат се резултат на долгогодишната соработка на Меѓународното училиште НОВА со Фондацијата Борис Трајковски, која започна далечната  2005 година во спомен на трагично загинатиот претседател на нашата земја, Борис Трајковски.

- Advertisement -

За стипендија може да конкурираат сите ученици од земјава кои го завршуваат основното образование и сакаат да го продолжат образованието во „Нова“, а притоа имаат одличен успех од шесто до деветто одделение и одлично го владеат англискиот јазик. Дополнително, се охрабруваат да аплицираат ученици кои ги живеат вредностите на Нова, а тие се препознати во отвореност за нови култури, промовирање на  мултикултурализам и негувањето заеднички вредности.

Апликантите потребно е да изработат видео-есеј на тема „What one class should all secondary school students be required to take and pass in order to graduate?“ и истиот да го поднесат во електронска форма на веб-страницата на училиштето. Повеќе информации и совети за изработка на видео есејот тука.

- Advertisement -

Кој има право да аплицира?

  • Граѓани на Република С. Македонија кои завршуваат основно училиште

Што треба да знаат оние кои аплицираат?

- Advertisement -
  • Меѓународното училиште НОВА е училиште каде се учи на англиски јазик;
  • Неопходно е познавањето на англиски јазик (читање, пишување, зборување)
  • Во интернационално училиште, учениците е потребно е да бидат подготвени да учат заедно со врсници чии вредности и културни средини се различни од нивните.

Овој конкурс кој го нуди Меѓународното училиште НОВА претставува одлична можност за сите основци кои сакаат да ги прошират своите интелектуални видувања, да се дружат со ученици од целиот свет и да студираат на едни од најуспешните универзитети во иднина.

Досега над 150 студенти од Меѓународното училиште Нова се запишале на најдобрите 100 универзитети во светот. Процесот на пријавување започнува на 28.11.2022 и завршува на 07.12.2022. Повеќе информации и совети за видео есејот процесот на аплицирање, искуства и совети од од други студенти тука.

Сподели!
- Advertisement -