Google ќе ни помага да летаме поевтино

- Advertisement -

Ако барате летови, денес има многу веб-страници каде што можете да најдете и да купите билети. Од официјалните страници на авиокомпаниите до страниците каде што алгоритам ги бара најдобрите летови за вас, односно летовите со најкратко времетраење и најкратко време на прелетување до најевтините летови.

Меѓу овие бројни сајтови преку кои можете да следите летови е и Google, односно пребарувачот на летови на Google – Google Flights. Иако не е толку популарен како класичен пребарувач, за многумина тоа е првата виртуелна дестинација што ја посетуваат кога бараат летови.

- Advertisement -

При прикажувањето на резултатите Google Flights не секогаш ги покажува најевтините резултати, туку врз основа на голем број параметри – од вкупната должина на патувањето, бројот на постојки, времето на чекање на аеродромите и слично – Google би покажал најдобро опции за купување билети. Затоа, најдобрите опции досега не беа секогаш најевтините.

Оваа недела Google објави нова функција на нивниот пребарувач за летови што ќе им угоди на многумина, особено на оние кои во ова време на раст на цените за се и сешто се обидуваат да најдат најприфатливи решенија и се подготвени да жртвуваат малку од удобноста и да летаат подолго или да чекаат меѓу летовите, но за целокупната пониска цена на патувањето.

- Advertisement -

Новата картичка за најевтини летови, која ќе биде достапна на главниот екран и ќе може да се пристапи брзо и лесно, вклучува маршрути со подолго време на чекање меѓу летовите, комбинирани и координирани летови од различни туристички агенции и авиокомпании за да понудат најниска цена. Исто така, во некои случаи овој пребарувач ќе вклучува летови од различни аеродроми во близина на истиот град. Како пример на блогот на Google се споменува лет од Њујорк – полетувањето може да биде преку аеродромот „Ла Гвардија“, но ако е поевтино, повратниот лет може да биде преку аеродромот „Џон Кенеди“.

Ако ви одговара една од овие најевтини опции, Google ќе ве однесе на страници каде што можете да го завршите резервирањето и купувањето билети. Google веќе почна да го интегрира овој таб во својот пребарувач за летови и би требало да биде достапен за сите во наредните недели. Со оглед на тоа дека ни е празничната сезона, кога многумина ќе одат на патувања, посета на роднини во други земји и слично, јасно е колку оваа опција на Google би можела да им помогне во пронаоѓањето на најповолната опција.

- Advertisement -

(Google)

(фото: Google Flightc)

Сподели!
- Advertisement -