Нова хит атракција во северна Европа: лебдење помеѓу ледени брегови

- Advertisement -

Заборавете на класичните спа третмани и топли базени – најновиот тренд меѓу љубителите на патувања и авантури доаѓа директно од студените агли на Европа. Станува збор за лебдење помеѓу ледени брегови, активност која ги освои социјалните мрежи и стана вистински магнет за храбри туристи.

Замислете, лебдење во ледена вода, опкружени со снежни пејзажи и целосен мир. Без бучава, без брзање, само вие, природата и тишината. Многумина кои го пробале велат дека чувството е слично на медитација, бидејќи водата, иако е ледена, носи необичен мир и чувство на поврзаност со природата.

- Advertisement -

Учесниците носат специјални водоотпорни костими кои ги одржуваат топли и спречуваат контакт со водата. И додека температурата на водата е околу нула, а воздухот често е далеку под нулата, останувате суви, безбедни и изненадувачки – мирни.

Турите се организираат од ноември до април, а најголем број посетители доаѓаат помеѓу декември и март, кога е можно да се ужива во лебдечкиот мир и спектакуларната северна светлина во исто време.

- Advertisement -


За некои, ова е лудило, за други, совршена забава и можност да пробаат нешто што малкумина имаат храброст да го доживеат. Сепак, сите се согласуваат за едно – лебдењето меѓу мразот носи неверојатно чувство на ослободување. Со доза на адреналин и сцени кои изгледаат како да се од сон, не е ни чудо што овој тренд стана вирален хит на социјалните мрежи.

Најпознатите дестинации за лебдење меѓу ледени брегови се Хелсинки, Леви и Рованиеми во Финска, Владивосток во Русија, како и Вал д’Изер во Франција.

- Advertisement -

Цената на искуството варира – за еден до еден и пол час лебдење треба да издвоите помеѓу 80 и 195 евра, во зависност од локацијата и организаторот.

Без разлика дали сте љубител на екстремни авантури или едноставно барате нешто поинакво, лебдењето меѓу мраз нуди единствена комбинација од мир, природа и авантуристички дух, искуство кое, откако ќе го пробате, нема да го заборавите.

(24Sedam)

(фото: Instagram)

Сподели!
- Advertisement -