Ford и Renault заедно ќе произведуваат евтини електрични автомобили

- Advertisement -

Американскиот автомобилски гигант Ford денес објави дека склучил партнерство со францускиот производител на автомобили Renаult, со цел заедничко производство на прифатливи електрични возила за европскиот пазар.

Ford заеднички ќе развива модели на автомобили со Rеnаult, кои ќе се произведуваат во фабриката на француската компанија во Доуе.

- Advertisement -

Компаниите проценуваат дека првото возило ќе стигне на пазарот на почетокот на 2028 година и ќе ја означи почетната фаза од експанзијата на Ford во Европа.

Покрај договорот за електрични возила, Ford и Renault потпишаа и меморандум за разбирање за истражување на соработката во сегментот на лесни комерцијални возила во Европа, вклучително и можна заедничка програма за развој и производство.

- Advertisement -

Стратешкото партнерство со групацијата Renault е важен чекор за Ford и ја поддржува нашата стратегија за градење успешен бизнис во Европа”, изјави Џим Фарли, извршен директор на американскиот гигант Ford.

Целта на соработката е да се здружат ресурсите и да се биде побрз и поефикасен во услови на сè пожестока кинеска конкуренција, додаде Фарли кога ја објави соработката во Париз.

- Advertisement -

Ford, исто така, ја повика ЕУ да биде прагматична во спроведувањето на својата цел за постепено укинување на продажбата на нови возила со мотори со внатрешно согорување до 2035 година.

На потрошувачите треба да им се дозволи да користат хибридни возила подолг временски период и не треба да бидат принудени да преминат на транзиција пред да бидат подготвени”, вели европскиот шеф на Ford, Џим Баумбик.

Транзицијата треба да биде попривлечна и поприфатлива, додаде Баумбик, и треба да биде двигател на побарувачката, а не нејзина кочница.

Владите мора да обезбедат стимулации за купување електрични возила и за инфраструктура за полнење надвор од урбаните центри“, рече бизнис лидерот на американскиот гигант.

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -