Шведската влада ги блокира ChatGPT и Claude

- Advertisement -

Шведските државни службеници повеќе не можат да ги користат веб-верзиите на ChatGPT (од OpenAI) и Claude (од Anthropic) на службените компјутери. Одлуката е донесена поради безбедносни ризици поврзани со обработката на чувствителни податоци.

Ова следува по анализата на алатките за вештачка интелигенција што ја спроведоа вработените во Шведската управа за транспорт претходно оваа година, при што беше откриена проблематична употреба на платформи за вештачка интелигенција при извршувањето на службените должности.

- Advertisement -

Надлежните изразија загриженост дека внесувањето чувствителни информации во овие модели – без соодветни договори за заштита на податоците – може да доведе до тоа тие податоци да бидат зачувани и искористени за обука на моделите.

Употребата на платформи кои не се опфатени со соодветни безбедносни мерки – практика позната shadow IT – може да има последици по нашата информациска безбедност, изјави Микаел Ветеркранц, директор за дигитализација во Канцелариите на шведската влада.

- Advertisement -

Како алтернатива се препорачува Copilot на Microsoft; тој поминал низ безбедносна проверка и е опфатен со безбедносен договор помеѓу американската компанија и шведската влада.

Државните службеници и понатаму ќе можат да користат вештачка интелигенција за извршување на своите задачи, но под построги безбедносни контроли. На ограничен број вработени ќе им биде дозволено да продолжат со користење на ChatGPT и Claude, но исклучиво преку посебна платформа за вештачка интелигенција развиена од шведските власти.

- Advertisement -

Според извештаите на шведскиот јавен сервис Sveriges Radio, ограничувања за користење на ChatGPT и Claude се воведени и во Шведската даночна агенција, како и во Националниот одбор за институционална грижа. Прашањето го разгледува и една шведска агенција за спроведување на законот.

Така, ChatGPT и Claude, заедно со DeepSeek, се наоѓаат на листата на алатки за вештачка интелигенција кои се ограничени од страна на шведските власти поради загриженост за безбедноста на податоците.

(Bug.hr)

(фото: Pexels/Airam Dato-on)

- Advertisement -