Омилено уметничко дело, фотографија што буди спомени, плејлиста што го менува расположението – деталите што го прават домот личен, делуваат на повеќе сетила истовремено. Со телевизорите Samsung The Frame и The Frame Pro, како и со звучниците Music Frame и Music Studio, уметноста, звукот и дизајнот стануваат дел од иста приказна: вашата.
Денот полека се ближи кон крајот. Вклучувате светилка, пуштате омилен албум и удобно се сместувате на софата. Од другата страна на собата, едно уметничко дело ги одразува топлите бои на перниците и последните зраци светлина што доаѓаат низ прозорецот. Наскоро, истиот простор ќе се претвори во амбиент за филмска вечер. Засега, тоа е едноставно катче за одмор.
Внимателно ги избираме мебелот, ткаенините и осветлувањето, бидејќи тие го обликуваат доживувањето на просторијата. Технологијата заслужува исто толку внимание. Телевизорот или звучникот се дел од просторот во кој живееме секојдневно – нивното присуство е важно уште многу пред да го притиснеме копчето за репродукција.
Телевизорите и звучниците од линијата „lifestyle“ на Samsung го внесуваат овој пристап во домот, претворајќи ги вообичаените уреди во елементи што придонесуваат и за визуелниот карактер на просторот, и за забавата во него.
Различно уметничко дело, поинаква атмосфера
Освежувањето на просторијата може да започне со нешто толку едноставно како нова слика. Пејзажот внесува чувство на отвореност, апстрактната композиција додава боја, а личната фотографија го прави познатото катче поинтимно.
Samsung The Frame ја внесува оваа флексибилност во светот на телевизорите. Кога не ја гледате вашата омилена содржина, „Уметничкиот режим“ (Art Mode) овозможува на екранот да се прикажуваат уметнички дела или лични фотографии. Неговиот тенок дизајн, инспириран од рамка за слики, како и прилагодливите рамки, му овозможуваат хармонично да се вклопи покрај другите предмети што сте ги одбрале за вашиот дом.
Ова отвора едноставна можност за експериментирање. Изберете уметничко дело што се надоврзува на земјените, есенски тонови во просторијата, внесете впечатлив контраст или пронајдете помирна слика за вечерите поминати во читање. Преку Samsung Art Store, можете да истражувате дела од музеи, галерии и уметници, создавајќи колекција што го одразува вашиот личен вкус.
The Frame Pro додава уште една димензија на овој пристап. Неговата технологија на екранот Neo QLED овозможува извонредно доживување при гледањето, додека екранот без отсјај (Glare Free) помага да се намалат одблесоците што го одвлекуваат вниманието. Системот Wireless One Connect овозможува поврзување на компатибилни надворешни уреди преку посебна единица која безжично ги пренесува нивните сигнали до телевизорот, давајќи ви поголема слобода при уредувањето на просторот околу него.
Резултатот е телевизор што природно се трансформира од една во друга улога: слика на ѕидот за време на вечерата, а потоа – центар на вниманието штом ќе започне воведната сцена.

Омилен спомен, придружен од соодветна музика
Некои од најзначајните предмети во домот се всушност наједноставните: фотографија од одмор, семеен портрет или слика пронајдена за време на викенд-патување.
Samsung Music Frame внесува ваков личен печат во еден звучник. Неговиот дизајн во форма на рамка овозможува во него да се постави фотографија или слика, претворајќи го во дел од вашиот ентериер. Слика од незаборавно патување може да го заземе своето место во просторијата, додека музиката што свири зад неа го оживува тој момент.
Поврзувањето преку Wi-Fi и Bluetooth овозможува едноставно стримување музика – без разлика дали подготвувате појадок, готвите вечера или се дружите со пријателите. Поддршката за Dolby Atmos додава чувство на просторност и длабочина при слушањето, а технологијата Q-Symphony овозможува Music Frame да функционира заедно со компатибилните телевизори на Samsung, создавајќи усогласен звук.
Ова е привлечна комбинација за просторија во која секој предмет е внимателно одбран: лична фотографија како украс и музичка подлога достапна во секој момент.
Обезбедете сопствена музичка подлога за вашите секојдневни ритуали
Едно бавно неделно утро и петочна вечер со пријатели бараат различна музика. Звукот може да ја промени енергијата во просторијата за неколку секунди, дури и кога сè друго останува точно таму каде што е.
Samsung Music Studio 5 и Music Studio 7 ѝ даваат на таа музичка подлога впечатливо визуелно присуство. Двата модели го носат дизајнот „Dot“ (точка), дело на Ерван Бурулек, кој комбинира чиста геометрија со меки кривини. Благодарение на нивниот скулптурален изглед, тие можат да се сметаат за елементи од ентериерот, на кои им се посветува исто толку внимание колку и на некоја светилка или декоративен предмет.
Music Studio 5 нуди компактно решение за внесување музика во секојдневните животни простори. Замислете опуштена плејлиста што ве придружува додека го пиете првото утринско кафе, или омилен албум што свири додека подготвувате оброк. Безжичното стримување овозможува лесен избор на музика што совршено одговара на моментот.
За уште поцелосно доживување при слушањето, Music Studio 7 користи 3.1.1-канална архитектура која го насочува звукот напред, кон страните и нагоре. Поддршката за аудио со висока резолуција ги истакнува најситните музички детали, претворајќи ја вечерта помината во слушање албум во посебен настан. Во комбинација со компатибилни телевизори на Samsung, функцијата Q-Symphony овозможува уредот да стане дел од усогласен систем за домашна забава.
Една соба, многу начини да се чувствувате како дома
Истата дневна соба може да биде место за мирно утро, динамично семејно попладне или доцноноќно гледање филм. Нејзината атмосфера се менува во зависност од луѓето што се во неа, сликите околу нив и музиката што ја избираат.
Уредите The Frame, Music Frame и звучниците Music Studio нудат различни начини за обликување на тие моменти. Уметничкото дело поставува визуелен тон. Фотографијата додава лична поврзаност. Музиката ѝ дава ритам на просторијата. Заедно, тие нè поттикнуваат да размислуваме за технологијата како дел од уредувањето и уживањето во домот – нешто што го избираме според тоа како изгледа, како звучи и колку добро се вклопува во нашиот начин на живот.
Внесете уметност во вашиот дом со специјалните есенски понуди
Исто така, имате можност да го истражите својот уметнички стил со тримесечен бесплатен пристап до Samsung Art Store, наменет за новите претплатници. Промоцијата трае од 19 октомври до 31 декември 2026 година и важи за одредени модели на Samsung телевизори, вклучувајќи ги и избраните модели од сериите The Frame и The Frame Pro. За да ја искористат понудата, корисниците што ги исполнуваат условите треба да се регистрираат во апликацијата Samsung Art Store најдоцна до 31 декември 2026 година.
###
За “Samsung Electronics Co., Ltd.“
“Samsung“ го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, уредите за носење, таблетите, дигиталните уреди, мрежните системи и меморија, LSI системите и LED решенијата.
“Samsung“ исто така ги унапредува технологиите за медицинско снимање, HVAC решенијата и роботиката, додека создава иновативни автомобилски и аудио производи преку “Harman“. Со својот екосистем SmartThings, отворената соработка со партнерите и интеграцијата на вештачката интелигенција низ целото свое портфолио, “Samsung“ нуди беспрекорно и интелигентно поврзано искуство. За најновите вести, ве молиме посетете ја страницата “Samsung“ Новости: https://www.samsung.com/mk/news/.



























