Скандал во САД: Хакери објавија тајни податоци за 41.000 агенти!

- Advertisement -

Група хакњри украде податоци на повеќе од 41.000 вработени во Министерството за внатрешна безбедност на САД (DHS) и, со помош на трети страни, ги објави на интернет, според извештаите на Wired, The Washington Post и NPR. Објавените податоци вклучуваат имејл адреси, телефонски броеви и локации на канцелариите на вработените, како и чувствителни информации во врска со тајните операции и програмите за надзор на агенцијата.

Од вкупниот број објавени податоци, 21.000 записи се однесуваат на поединци кои работат за Службата за царина и заштита на границите (CBP), додека 10.000 записи се однесуваат на вработени во Службата за имиграција и царина (ICE). Една третина од овие податоци се поврзани со Истражната служба за внатрешна безбедност (HSI) – криминалистичко-истражниот огранок на ICE. Севкупно, ова протекување на податоци ги откри информациите за една седмина од вкупниот број вработени во Министерството за внатрешна безбедност.

- Advertisement -

„На 17 јули Марквејн Малин изјави дека ’го засилува притисокот‘. Еве што му се случува на ICE кога ќе го направите тоа“, стои во изјавата на хакерската група, која се нарекува „Министерство за мир“ (Department of Peace).

Тие алудираат на изјавата дадена од секретарот на DHS за време на прес-конференција; кога бил прашан како планира да ги повика агентите на одговорност за прекршување на политиките за употреба на сила, секретарот одговорил дека агенцијата „го засилува притисокот на улиците“. Агенцијата одржа прес-конференција по смртоносните пукања во кои животот го загубија Џоан Себастијан Дуран Гереро од Мејн и Лоренцо Салгадо Араухо од Хјустон – при што ниту еден од нив не бил предмет на какви било операции на ICE.

- Advertisement -

Групата наводно ги украла податоците преку сервисот Okta – систем за единствена најава што го користи DHS. Со Okta корисниците треба да се најават само еднаш со своите акредитиви за да добијат целосен пристап до заднинските системи, услугите во облак и/или мобилните апликации. Од Okta изјавија за Wired дека не пронашле докази оти нивните податоци или системи биле компромитирани. Хакерите ги споделија податоците со непрофитната организација за транспарентност Distributed Denial of Secrets и со швајцарски истражувач за сајбер-безбедност познат под името „maia arson crimew“. Тие создадоа онлајн база на податоци со можност за пребарување, користејќи ги информациите доставени од Министерството за мир.

„Тие ги имаат нашите информации, па затоа е само праведно и ние да ги имаме нивните“, напишаа хакерите во пораката што ги придружуваше украдените податоци.

- Advertisement -

Distributed Denial of Secrets ја нарекува оваа база на податоци Icepick. Нејзината основачка, Ема Бест, изјави дека записите содржат врски помеѓу службеници одговорни за надзор на тајни операции, како и клучни лица вклучени во програмите на Министерството за внатрешна безбедност (DHS) кои доведуваат до зголемен број притворања и депортации.

Во меѓувреме, портпарол на Министерството за внатрешна безбедност изјави дека агенцијата е свесна за можен безбедносен пропуст и активно работи на брзо и ефикасно решавање на ситуацијата.

Тие додадоа: „Сериозно ги сфаќаме сите безбедносни закани насочени кон нашите вработени и службеници и ќе работиме на тоа да обезбедиме соодветна заштита за сите. Ќе ја информираме јавноста штом ќе бидат достапни повеќе информации“.

(B92)

(фото: PExels/Tima Miroshnichenko)

- Advertisement -