Mission4Water го поврзува светот на модата, иновациите и одржливоста во Скопје

- Advertisement -

Во октомври 2025 година, Текстилно Трговско Здружение – Текстилен кластер (ТТЗ-ТК) беше домаќин на тимот на Mission4Water во Скопје, организирајќи јавна округла маса и настан за вмрежување во рамките на Fashion Weekend Skopje. Настанот се одржа во Diamond of Skopje Carat Office и ја собра индустриската, академската и граѓанската заедница со цел да ги промовира новите пристапи за справување со загадувањето на водите и микропластика од текстилот.

Настанот беше отворен со поздравни обраќања од Маријана Перковска, претседателка на ТТЗ-ТК, Блерим Златку, државен советник во Министерството за економија, и Даниела Ристова од Министерството за животна средина и просторно планирање, кои ја нагласија националната посветеност кон одржливата индустрија и заштитата на водните ресурси.

- Advertisement -

Во рамките на двете модерирани сесии, проектните партнери – Politecnico di Milano (POLIMI), Hydro-Engineering Institute Sarajevo (HEIS), Elettrotecnica ROLD (ROLD), Milieukontakt Albania (MiA), University of Zagreb (UNIZAG-FSB), Istrian Development Agency (IDA), PlanetCare и Zero Waste Montenegro (ZWMNE) – ги споделија своите согледувања за третманот на отпадни води, циркуларната економија, улогата на иновациите во микро-, малите и средните претпријатија, однесувањето на потрошувачите и вклучувањето на заедницата.

ТТЗ-ТК исто така ги покани и локалните партнери кои понудија практични перспективи: Business Accelerator UKIM (BAU) ја презентираше патеката за поддршка преку EIT, компаниите Albatros и Blackbello (МСП во секторот за облека) споделија примери за избор на материјали и циркуларни практики, а Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип ги претстави наодите за текстилен отпад во Северна Македонија.

- Advertisement -

Настанот претставуваше можност за дисеминација на целите, резултатите и активностите на проектот пред многуборјните учесници, со посебен акцент на поканата до присутните да се вклучат и активно придонесат во неговата реализација и понатамошен развој. Форматот на округла маса и networking сесијата пак овозможи отворена и инспиративна атмосфера, поттикнувајќи нови партнерства и прекугранични иницијативи во рамките на IPA ADRION Programme.

Што следи? Mission4Water ве повикуваа МСП-а, истражувачи, јавни институции и невладини организации да се приклучат кон конкретни проекти за намалување на загадувањето на водите во Адриатско-Јонскиот регион. Ако имате идеја и сакате да истражите соработка, можете да изразите интерес и нашиот тим ќе ви помогне да ја развиете.

- Advertisement -

Линк – Отворен повик за изразување интерес

.

Сподели!
- Advertisement -