Забранувањето на пластичните кеси може дополнително да и наштети на животната средина

- Advertisement -

Алтернативните материјали за амбалажа за пакување се полоши од пластичните кеси, покажуваат некои анализи. Имено, притисокот врз потрошувачите да се забрани пластичната амбалажа, всушност, може да и наштети на животнаста средина, велат истражувачите.

За да се исфрли пластичната амбалажа од употреба, компаниите користат други материјали кои може да имаат уште поштетно влијание врз природата. Такви, се на пример, стаклените шишиња. Тие се многу потешки од пластичните и со самото нивно транспортирање ја загадуваат животната средина. Хартиените кеси, пак, содржат многу повеќе јаглерод диоксид од пластичните и не може да се користат повеќе пати.

- Advertisement -

Промената на амабалажниот материјал предизвика загриженост кај купувачите поради влијанието на пластичниот отпад врз океаните. Меѓутоа, можните последици од користењето алтернативни материјали не се правилно испитани.

Неколку синџири од маркети продаваат пици спакувани во картонски амбалажи мислејќи дека тие се рециклираат. Но, како што велат од британската организација Green Alliance, единствено Велика Британија поседува установи кои рециклираат само една третина од картинските кутии.

- Advertisement -

Група истражувачи спроведе анкета со организациите за рециклирање меѓу потрошувачите во врска со загадувањето на животната средсина. Одговорите најчесто укажуваат на тоа дека јавноста чувствува анскиозност при самата помисла дека пластиката ги загадува океаните.

Од Green Alliance велат дека голем број продавници продаваат амбалажа која мо7е да биде разградена и компостабилна само во индустриски компостери, но дека прашање е која количина од таквата амбалажа може да се биде целосно разградена. Според резултатите на анкетата, повеќе од 80% од потрошувачите мислат дека биоразградливата или компостабилната пластика е добра за живоната средина. Мал број од испитаниците ги разбираат овие изрази и знаат што значат, како и како се разградува тој материјал.

- Advertisement -

Малопродажните синџири се плашат дека забуната може потенцијално да и наштети на природата ако неинформираните луѓе ја стават компостабилната пластика со обичната пластика или ја врлат во ѓубре затоа што мислат дека ќе се разгради како едно јаболко. Некои компании кои користат таква пластика напоменуваат дека материјалот нема да се разгради како што очекуваат луѓето.

Сподели!
- Advertisement -