Нови цени на горивата

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука, со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,18 % во однос на одлуката од 2.12.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,463%, кај дизелот за 1,862%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,882% и кај мазутот зголемувањето е за 1,83%.

- Advertisement -

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2082%.

Од 11.12.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

- Advertisement -

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,00 (денари/литар)

- Advertisement -

Дизел гориво 70,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,775 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,517 ден/кг и сега ќе изнесува 45,775 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.12.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -