Tip of the Week – Квалитет на изработка

- Advertisement -

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење

„Не дека сум против гасоводот, туку страв ми е како ќе биде изведен, знаејќи го нашиот менталитет, ќе биде направен со лош квалитет”.

„Леле, страв ми е да се возам по новиве патишта, којзнае како се направени и со каков квалитет!“

- Advertisement -

„Сакаме да купиме стан, но страв ни е како се направени, гарант некаде намалиле на квалитет”.

Во последниве години, сè почесто ги слушам овие забелешки и многу други поврзани пред сè за квалитетот на изработката на работите. Луѓето изгубија верба дека кај нас може да има нешто квалитетно направено, па и тие што прават квалитетни работи се ставени под знак прашалник!

- Advertisement -

Искрено речено, не верувам во концептот (барем не во поново време) дека купувачот е секогаш во право, но тука се работи за еден повисок момент, недоверба во квалитетот на изработката на кое било ниво и за која било изработка! Дека секогаш ќе има луѓе кои ќе негодуваат, ќе има и тоа сите си го знаеме, но дека недовербата во квалитетно изработени работи е на многу високо ниво и треба да се намали И ТОА ПОД ИТНО!!!

Ова што сега се случува, не е на арно и импликациите што може да ги има се многу големи. Сето ова влијае на:

- Advertisement -
  • Довербата – како се намалува квалитетот на продуктите/сервисите што ги нудите, така се намалува и довербата кон вас, вашиот бизнис и сè што е поврзано со вас. Сето ова може да има огромно влијание врз вашиот профит/приход, па сега вие мислете му ја!
  • Мислењето за вас – лош квалитет во изработка на работите многу зборува за вас самите, без оглед дали работите во/за јавна институција или во/за приватен сектор. Кога ќе се знае дека вие нудите лош квалитет, тоа се одразува на целокупниот ваш живот!
  • Приход – лош квалитет, лоша репутација, намален приход, банкрот!
  • Иднината ваша – се ова погоре напишано, влијае на вашата иднина и иднината на вашите најблиски.

Знаете како, она што ќе го испорачате, тоа зборува за вас. Ако сакате да зборат лошо за вас, а со тоа и самите да си направите штета на вашиот живот, но и на вашите најблиски, тогаш продолжете така. Ако сакате да биде спротивното, тогаш уште веднаш излезете од стакленото ѕвоно во кое живеете и направете промена. Подобрето го квалитетот на вашиот живот, преку подобар квалитет во работите/сервисите кои ги нудите!

 

Со успех во промените,

@kalin.babusku,

член на тимот

Сподели!
- Advertisement -