Високотехнолошкиот багаж сега е тренд во светот на технологијата. Сепак, куферот Fugu е малку поинаку паметен. Ги нема дигиталните ѕвона или свирки на другите технолошки конкуренти, но несомнено е подобар во поглед на дизајнот – овој куфер може да се надува.
Вообичаениот капацитет на еден рачен багаж е супер и доволен е кога патувате некаде. Но, проблемот се јавува кога ќе треба да се вратите дома затоа што најчесто имате дополнителни работи за пакување кои сте ги купиле за спомен. Тука нема да ви помогне ниеден конвенционален багаж. но може да ви помогне Fugu затоа што ја елиминира потребата од купување дополнителен багаж.
Fugu може да се надува од големина на еден рачен багаж до голем куфер за помалку од една минута. Надувувањето може да се направи на неколку начини. Можете да притиснете копче и да ја активирате внатре вградената електрична пумпа, можете надворешно да прикачите некоја друга пумпа или да дувате низ некоја цевка.
Уникатното име на куферот доаѓа од јапонскиот збор за рибата која се надувува и се зголемува во волумен. Компанијата креатор на Fugu вели дека куферот е направен од ABS пластика и има посебен шев на ѕидовите кои се надувуваат. Ваквиот дизајн честопати се користи за правење душеци за на вода и е навистина издржлив.
Од Fugu наведуваат различни начини за користење на куферот. Освен што нуди дополнителен простор за облека, Fugu има и екстра полици со кои можете да го користите како привремен шкаф. Може да се користи и како масичка или како подлога за лаптоп. Fugu е совршен за луѓето кои сакаат да патуваат со малку багаж и да купуваат колкеционерски предмети од секоја земја што ќе ја посетат. Освен функционалноста, куферот е и отпорен на удари и супер издржлив.