Samsung го истакнува отворениот екосистем за забрзување на поврзаната грижа за секојдневна добросостојба на VivaTech 2026

- Advertisement -

За време на панел-дискусијата, Samsung и партнерите Xealth, Generation Lab и SiPhox Health детално објаснија како отворениот екосистем на Samsung може да ја поттикне поврзаната грижа за да води проактивна дневна добросостојба.

Компанијата Самсунг (“Samsung“),  денес ја сподели својата визија за поврзана грижа, концепт поттикнат од екосистемот за отворена соработка на Самсунг („Samsung“), за време на панел дискусија на VivaTech 2026, најголемиот европски саем за стартапи и технологија, кој моментално се одржува во Париз.

За време на панел дискусијата, Хон Пак ( Hon Pak), раководител на тимот за дигитално здравје за Mobile eXperience (MX) Business во Samsung Electronics, им се придружи на уште четири говорници: Дејвид Ли (David Lee), раководител на Samsung Next; Мајк Мекшери (Mike McSherry), извршен директор на Xealth; Алина Су (Alina Su), извршен директор на Generation Lab; и Мајкл Дубровски (Michael Dubrovsky) извршен директор на SiPhox Health. Заедно, тие презентираа план за иднината на здравствената заштита пред публика од приближно 1.000 глобални посетители.

- Advertisement -

Како модератор, Дејвид Ли (David Lee), ја нагласи клучната улога на партнерството. „Иднината на здравјето не може да ја изгради само една компанија“, рече Ли. „Мора да се создаде преку отворен екосистем на соработка меѓу различни иноватори.“

Градење на отворен здравствен екосистем

- Advertisement -

„Samsung“ поседува разновидно портфолио на уреди и платформи, кои се протегаат од полупроводници до мобилни телефони, носиви уреди, домашни апарати и телевизори. Компанијата ги користи своите економии на обем за да развие робустен, колаборативен екосистем со бројни партнери во секој од своите деловни сектори.

Со интегрирање на уредите на „Samsung“ со партнерски решенија во рамките на овој отворен екосистем, Xealth, Generation Lab и SiPhox Health го забрзуваат остварувањето на поврзаната грижа. Оваа визија за здравствена заштита има за цел да им помогне на корисниците да водат поздрав, поживописен живот преку проактивно управување со добросостојбата, поддржано од екосистемот на поврзани уреди на „Samsung“.

- Advertisement -

Хон Пак го истакна обемот на досегот на Samsung за време на дискусијата. „Samsung Health поддржува повеќе од 77 милиони активни корисници на месечно ниво,  а платформата SmartThings поврзува 460 милиони корисници,  рече Пак.

„Samsung“ има силна предност како доверлив бренд во домаќинството, централната средина за секојдневниот живот и добросостојба. „Со поврзување на нашиот екосистем на уреди низ домот преку SmartThings, можеме да воведеме иновации во здравственото искуство таму каде што е најважно, во време кога здравјето се префрла во домот – простор во кој превенцијата може да се случи во голем обем“, додаде Пак.

За да ја поддржи оваа транзиција, „Samsung“ интегрираше широк спектар на уреди – вклучувајќи домашни апарати, телевизори и компатибилни уреди од трети страни – во својата платформа SmartThings. Ова овозможува широк спектар на услуги што се движат од персонализирани рутини за автоматизација до грижа за семејството и домашните миленици.

Забрзување на иновациите преку партнерства

Панелистите го идентификуваа воспоставениот екосистем на „Samsung“ и отворениот пристап кон соработката како клучни предности.

Алина Су(Alina Su),  од Generation Lab ја нагласи вредноста на ова партнерство. „Она што беше највозбудливо е вистинската отвореност и дистрибуција на „Samsung“. Постои вистински обем и технички капацитет – но исто така постои и подготвеност за соработка, ко-креирање и брзо движење со партнерите“, рече Су. „Кога ќе го комбинирате тоа со уредите што луѓето веќе ги користат секој ден, можете да внесете иновации во животот на луѓето многу побрзо отколку што би можеле самостојно.“

Мајкл Дубровски(Michael Dubrovsky) од SiPhox Health, исто така, ги објасни придобивките од соработката. „Samsung го носи екосистемот на уреди што веќе постои во домовите на луѓето и на нивните тела“, рече Дубровски. „SiPhox додава дијагностички слој што отсекогаш недостасувал од таа слика. Заедно, континуираните податоци од уредот и континуираните податоци од биомаркери создаваат навистина комплетна здравствена слика што никогаш не постоела надвор од клиничката средина.“

Во моментов, Generation Lab обезбедува решение за да им помогне на корисниците лесно да ја проверат биолошката возраст и активно да го управуваат стареењето дома, додека SiPhox Health нуди услуга што овозможува активно управување со здравјето преку крвни тестови на болничко ниво во секое домаќинство.

Мајк МекШери (Mike McSherry) од Xealth сподели визија за обезбедување беспрекорно, континуирано решение за здравствена заштита со премостување на јазот помеѓу клиничката грижа во болниците и секојдневното управување со добросостојбата преку длабока интеграција со  „Samsung“.

Зајакнување на отворените соработки и обезбедување робусна безбедност

Покрај стратешките партнерски соработки, „Samsung“ изгради отворен екосистем за пошироката заедница на развивачи и истражувачи. Користејќи го комплетот за развој на софтвер (SDK) на Samsung Health, тие лесно можат да создадат иновативни услуги за добросостојба користејќи напредна сензорска технологија и здравствена платформа. Ова им овозможува на корисниците на Samsung Health побрзо да искусат нови корисни функции.

Заштитата на овие искуства ја врши Samsung Knox, сопствено безбедносно решение од одбранбен степен интегрирано низ различни точки на контакт со потрошувачите, како што се мобилни уреди, домашни апарати и телевизори. Со Knox, корисниците можат со сигурност да управуваат со своите чувствителни информации во рамките на екосистемот на „Samsung“.

Гледајќи ги следните пет години од здравствената заштита во контекст на ерата на вештачката интелигенција, Пак заклучи: „Дневен придружник кој знае кој сум, како и што ми треба и кога, ќе ми помогне беспрекорно да ги постигнам моите здравствени цели преку животни навики и поврзани иновативни партнерски услуги.“


- Advertisement -