25 C
Skopje
среда, октомври 16, 2019

Во кинескиот град Шенжен се гради најголемата фабрика во светот за преработка на отпад

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Најголемата фабрика за преработка на отпад во светот е џиновски објект во градот Шенжен во јужниот дел на Кина. Кога ќе почне со работа, ќе може да процесира до 5.000 тони отпад секој ден.

Со популација од 20 милиони луѓе, градот произведува многу отпад – ококлу 15.000 тони дневно, отпад кој потоа ќе се користи за генерирање енергија. Процесот функционира така што ја складира топлината од согорувањето, која потоа придвижува турбина за да се генерира електрицитет.

Со согорувањето на отпадот се испушта јаглерод диоксид во воздухот, но според архитектите на фабриката, количината СО2 која ќе се испушта ќе биде половина од она што би се испуштило кога отпадот би се фрлил на депонија, каде што завршува најголем дел од отпадот во Шенжен.

Кина во моментот има најголем капацитет за преработка на отпад во светот – во земјата работат повеќе од 300 фабрики за преработка на отпад. Капацитетот се зголемуваше за 26% годишно во изминатите пет години, што е многу повеќе во споредба со растот од само 4% во земјите од ОЕЦД.

Се проценува дека глобалниот пазар за добивање енергија од отпадот до 2023 година ќе вреди 40 милијарди долари. Светската популација, пак, ќе достигне 9,8 милијарди луѓе до 2050 година, предвидуваат Обединетите нации, а 68% од тие луѓе ќе живеат во градови, па решенијата за менаџирање со урбаниот отпад ќе бидат многу привлечни за инвеститорите.

Кина генерира повеќе отпад отколку која било друга земја, покажуваат податоците на Светска банка. Но, сите земји и градови во светот се соочуваат со слични предизвици. Кога ќе биде готова, новата фабрика во Шенжен ќе согорува речиси една третина од отпадот во градот, а ќе генерира и обновлива енергија преку соларните панели со површина од 40.000 квадратни метри поставени на кровот.

This Chinese megacity is building the world's largest waste-to-energy plant

Reduce, reuse, recycle.📕 Read more: https://wef.ch/2JoPhvE #amnc19

Posted by Video – World Economic Forum on Вторник, 02 јули 2019

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •