- Advertisement -
Француската биотехнолошка компанија „Биомеро“ објави денеска дека ќе лансира три теста како помош во борба против корона вирусот, пренесе Ројтерс.
„Биомеро“, која нуди решенија во областа на дијагностиката за да се идентификува изворот на зараза, наведува дека го доврши развојот за тестот за SARS-COV-2 R-GENE за кој очекува дека ќе добие европска ознака „CE”.
- Advertisement -
Тој производ исто така ќе биде пријавен на американската Управа за храна и лекови поради авторизација, додаваат од компанијата.
Како што пишува британската агенција, француската компанија развива уште два теста, кој ќе биде пријавен на регулаторните органи во вториот и третиот квартал оваа година.
- Advertisement -