Рекордно намалена емисијата на CO2 поради пандемијата

- Advertisement -

Пандемијата на КОВИД-19 предизвика здравствена, социјална и економска криза ширум светот, но има еден позитивен ефект – рекордно намалување на емисијата на јаглерод диоксид. Како што се проценува во новиот извештај на истражувачката компанија Bloomberg New Energy Finance (BNEF), емисијата на јаглерод диоксид во САД годинава ќе биде помала за 9,2% во споредба со 2019 година, односно ќе се спушти на нивото кое последен пат е забележано во 1983 година.

Иако емисијата на јаглерод диоксид во САД опаѓа веќе десетина години, од BNEF проценуваат дека годинашниот пад ќе биде најголемиот забележан досега. Без влијанието на КОВИД-19 емисијата по паднала за околу 1%. Главниот директор на BNEF, Натаниел Булард, наведе во извештајот дека секторот транспорт, кој инаку има најголем удел во емисијата на стакленички гасови во САД, претпрел најголем меѓугодишен удар досега.

- Advertisement -

„Емисијата од сообраќајниот сектор веројатно ќе падне за повеќе од дупло во однос на периодот од финансиската криза 2008-2009 година. Уделот на емисијата од секторот електрична енергија исто така веројатно ќе забележи рекорден пад, додека емисијата од индустријата нема“ оценува Булард.

Досека предвидувањата за секторите транспорт и енергетика се 4%, односно 2,8%, истовремено се проценува дека годинашните шумски пожари го зголемија уделот во вкупната американска емисија за 2,8%, со што е поништен ефектот на намалување од електроенергетскиот сектор. Сепак, напоменуваат дека ефектот на шумските пожари е привремен, затоа што атмосферскиот јаглерод диоксид се чисти со повторниот раст на шумите.

- Advertisement -

Другата страна на овој позитивен ефект на пандемијата е тоа што после рекодното намалување на емисијата на стакленички гасови, се очекува значителен скок после пандемијата.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -