Pfizer спроведува голема студија – ќе вакцинира цел град против КОВИД-19

- Advertisement -

Pfizer ќе ја проучува ефикасноста на нивната вакцина против Ковид-19 со вакцинирање на целото население над 12 години во град во јужен Бразил, соопшти компанијата вчера.

Истражувањето ќе се спроведе во Толедо, кој има 143.000 жители, во западната држава Парана, заедно со националната програма за вакцинација на Бразил, соопштија локалните здравствени власти, болница и федералниот универзитет.

- Advertisement -

Од Pfizer, кој ја разви вакцината со германскиот партнер Biontech, истакнаа дека целта е да се проучи преносот на коронавирусот во „реално сценарио“ откако ќе се вакцинира населението.

Иницијативата е прва и единствена од ваков вид што се презема во соработка со фармацевтска компанија во земја во развој, додадоа од компанијата.

- Advertisement -

Има мал отпор кон вакцината во Толедо и 98% од населението ја примиле првата доза, претежно од Pfizer и Biontech. Вакцината на AstraZeneca и Sinovac исто така се користеа, изјавија од Општината Толедо и додадоа дека 56% од населението е целосно вакцинирано.

Реџис Гуларт, истражувач во болницата Моинхос де Венто во Порто Алегре, кој учествува во студијата, вели дека целта е да се потврди вистинската ефикасност и безбедност на вакцината која е веќе клинички тестирана.

- Advertisement -

Истражувањето, исто така, ќе овозможи долгорочно следење на учесниците со помош на одговори на прашања како што се времетраењето на заштитата од вакцината против Ковид-19 и новите варијанти на вирусот, рече Гуларт.

(Denar.mk)

(фото: ccnull.de)

Сподели!
- Advertisement -