Twitter тестира комбинација од фотографии, клипови и GIF-ови во една објава

- Advertisement -

Twitter е во фаза на тестирање на една функција која на корисниците ќе им овозможи да користат различни медиумски формати во една објава. Тоа значи дека корисниците во еден твит ќе можат да додадат фотографија, видеи и GIF.

Луѓето што го користат Twitter знаат дека досега беше возможно во еден твит да се користи само еден вид на медиумска содржина. Корисниците досега можеа да додадат до 4 фотографии, но не можеше да се додаде повеќе од едно видео или GIFß-ови во еден твит, ниту беше возможно да се прави комбинација со фотографии.

- Advertisement -

Надградбата на која работи Twitter, исто така, содржи ограничување на медиумските содржини, но сега може да се комбинираат, односно да се додаваат и фотографии, и видеа и GIF-ови.

„Новата функција некое време ја тестираме на одредени профили,а таа на лужето им овозможува да комбинираат четири медиумски содржини во еден твит, без оглед на нивниот формат.

- Advertisement -

Тестирањетобило ограничено на одреден број профили во избрани региони. Засега не е познато кога тие можности ќе им бидат достапни на сите корисници.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Needpix)

Сподели!
- Advertisement -