ВИДЕО: Робот-ѕидар постави нов рекорд

- Advertisement -

Австралиската компанија FBR го претстави новиот робот-ѕидар Hadrian X, кој може да прави ѕидови со рекордна брзина. Роботот на прв поглед делува како камион со голем крак од 32 метри, кој му служи како рака за ставање блокови и може прецизно да поставува до 300 блокови на час, како што можете да видите и од видеото во прилог.

Hadrian X за ѕидање користи големи блокови тешки 45 кг со димензии 600 x 400 x 300 мм и може да постави околу 70 квадратни метри ѕид секој час, што е отприлика 1/4 од терен за тенис, а од FBR очекуваат роботот да стане уште побрз, односно дека наскоро ќе може да поставува 500 блокови на час.

- Advertisement -

Роботот-ѕидар функционира така што работници носат палети со блокови, кои се ставаат во задниот дел од роботот, а потоа машината ги распакува и по потреба ги сече цо кружна пила.

Потоа се испраќаат една по една низ кракот, обоени со специјално градежно лепило наместо со малтер и се поставуваат на местото каде што се гради. Сушењето на лепилото трае само 45 минути, после што ѕидот е сув, цврст и безбеден.

- Advertisement -

Телескопскиот крак за градење е доволно долг да може да се поставуваат блокови до висина од трикатница и во секакви временски услови да се работи 24 часа на ден.

Во оваа фаза роботот може да гради побрзо од луѓето, но не е целосно прецизен во поставувањето на блоковите. Сепак, од FBR велат дека после дополнителните тестирања и калибрирањето наскоро роботот ќе стане мајсотр-ѕидар и ќе може целосно да го смени градежништвото.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: FBR)

Сподели!
- Advertisement -