Кристијано Роналдо е првиот поединец со милијарда следбеници на социјалните мрежи

- Advertisement -

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо, објави дека неговите профили на социјалните мрежи ги следат една милијарда луѓе. Првотимецот на Ал Наср од Саудиска Арабија и капитен на португалската фудбалска репрезентација истакна дека е горд на се што направил, дека овој нов рекорд многу му значи и му дава инспирација да продолжи.

„Ние напишавме историја – една милијарда следбеници. Тоа е многу повеќе од обична бројка. Тоа е сведоштво за нашата заедничка страст, енергија, љубов кон играта и многу повеќе од тоа“, напиша Роналдо на социјалните мрежи.

- Advertisement -

Португалецот потоа им се заблагодари на сите кои го поддржуваа сите овие години во кариерата и јасно стави до знаење дека и покрај тоа што во февруари ќе наполни 40 години, не размислува за пензионирање, туку дека се уште е гладен за успех.

„Од улиците на Мадеира до најголемите стадиони во светот, секогаш сум играл за моето семејство и за вас, а сега сме милијарда и сите сме заедно. Бевте покрај мене во сите животни околности, подеми и падови. Ова патување е наше заедничко и докажавме дека за нас нема граници. Ви благодарам што верувавте во мене и што сте дел од мојот живот. Најдоброто допрва доаѓа и ќе продолжиме да се бориме, да победуваме и заедно да пишуваме историја“, изјави Роналдо.

- Advertisement -

(Euronews)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -