Компанијата Coca-Cola го претстави новиот автомат за пијалаци под називот Coca-Cola Freestyle 9100, кој им овозможува на купувачите да се поврзат со него преку апликација Freestyle на својот паметен телефон.
Како што пренесува Klix.ba, Coca-Cola веќе има и автомати осетливи на допир кои нудат 200 различни опции за пијалаци. Околу 50.000 вакви автомати точат околу 14 милиони пијалаци дневно ширум светот.
Оваа иновација освен што ќе може да се поврзе со телефоните на купувачите, ќе им овозможи и сами да ја изберат мешавината од пијалаци кои сакаат да ја консумираат и да изберат различни комбинации. Автоматот исто така има опција да се поврзе со телефоните на корисниците и преку Bluetooth.
Автоматот Coca-Cola Freestyle 9100 беше претставен на саемот на американската Национална асоцијација на ресторани во Чикаго минатиот викенд, а ќе биде поставен на локации ширум САД следната година.