Ова се 10 најдобри европски дестинации за 2018 година според Lonely Planet

- Advertisement -

Ескпертите за патувања на Lonely Planet го истражиле секој дел од Европа за да ги идентификуваат најдобрите десет дестинации кои мора да се посетат во 2018 година.

Дестинациите изобилуваат со прекрасни места и активности кои можат да ги понудат, а единственото прашање е која дестинација да се посети прва?

- Advertisement -

1. Емилија – Ромања, Италија

Овој регион во Италија, велат дека е најдоброто место за добра италијанска храна. Познатиот сос рагу потекнува токму од овој регион или поточно од Болоња, парма пршута која доаѓа од градот Парма, балзамико оцет од Модена и секако пармезанот – сирење родено во овој регион.

- Advertisement -

Освен вкусна храна, регионот може да се пофали со неколку актрактивни локации во последен период, како новоотворениот кулинарски парк FICO во Болоња, Националниот музеј на италијански јудеизам и шоа во Ферара, како и реставрираното кино во Римини кое наскоро ќе стане музеј посветен на легендарниот режисер Федерико Фелини.

Болоња

2. Кантабрија, Шпанија

- Advertisement -

Прекрасните зелени пејзажи изобилуваат во овој шпански регион каде имате избор дали ќе уживате на плажа, на планина, во некое симпатично село како Сантиљана дел Мар или Комиљас, или пак ќе се одлучите да ги посетите пештерите каде се наоѓа најдобрата европска праисториска уметност.

Како порта на регионот кој излегува на Атлантискиот океан, служи пристаништето Сантандер, кое од оваа година пречекува траекти кои доаѓаат дури од Исланд. Во Кантабрија се наоѓа и најстариот шпански национален парк, Пикос де Еуропа кој летово ќе одбележи 100 години постоење.

Кантабрија

3. Фрисланд, Холандија

Најголемиот дел од посетителите на Холандија, брзаат да стигнат до Амстердам, но и регионот Фрисланд веќе станува сѐ повеќе популарен, особено градчето Лиуварден кое може да се пофали по кафе културата, шопингот и каналите исполнети со историски куќички и оваа година е еден од Европските престолнини на културата.

Докум во Фрисланд

4. Косово

Државите од регионот се посебно интересни годинава за Lonely Planet, па на листава се најде и соседно Косово кое според веб страница, станува сѐ повеќе популарно за туристите.

Како една од активностите препорачани за туристите во Косово е патеката за планинарско качување Виа Динарика, потоа градот Призрен кој може да се пофали со прекрасна османлиска архитектура, како и винскиот регион Раховец.

Призрен

5. Прованса, Франција

Како еден од омилените француски региони на многу луѓе, Прованса изобилува со полиња со лаванда и маслинки кои служеле како инспирација за многу уметници. Со излезот на Медитеранот на југ, како една од најпопуларните точки е градот Марсеј каде се наоѓаат многу ресторани кои добиле Мишелин ѕвезди.

Други познати дестинации кои се посебно интересни за туристите се градчињата Авињон, како и Арл.

Прованса

6. Данди, Шкотска

Овој град во Шкотска е на пат да стане градот на иднината поради футуристичката архитектура која полека никнува низ градот. Пример за тоа е новата подружница на музејот V&A кој е проектиран да изгледа како една од карпите на шкотското крајбрежје и е сместен во Крег Харбор.

Данди е град заштитен од UNESCO и моментално започнува да се имплементира план за регенерација на градот кој ќе трае 30 години. Оваа реконструкција целосно ќе го трансформира градот поради што е добро да се посети на време.

Данди

7. Малите Киклади, Грција

Рафрлани низ Егејското море помеѓу Наксос и Аморгос, Малите Киклади се острови кои не се толку посетени од туристите и прекрасни доколку сакате да се одморите од гужви. Еден од овие острови полека станува препознатлив за оние кои патуваат, а тоа е островот Куфонисија.

Шармот на овие острови лежи во малите песочни плажи, спорото живеење и добрата храна. Туристичките агенции сакаат да допрат до овој неискористен туристички потенцијал, па фери-бродовите веќе почесто сообраќаат до Малите Киклади особено во лето.

Куфонисија

8. Вилниус, Литванија

Во последниве неколку години, другите две балтички земји беа посебно популарни додека пак Вилниус развиваше сопствен алтернативен туризам. Патувајте во Вилниус за да го посетите барокниот стар град, еврејското гето од Втората светска војна и други атракции.

Посебно место кое вреди да се посети е уметничкиот кварт Ужупис кој изобилува со креативни места, крафт пиво и ресторани со вкусни специјалитети. Оваа година Литванија одбележува 100 години независност, па во текот на целата година се организираат различни интересни манифестации.

Вилниус

9. Долината Випава, Словенија

Долината Випава во Словенија е позната како рај за обожавателите на добро вино, а и пејзажот изобилува со лозја. Иако не толку посетени, овие делови од Словенија се на запад од Љубљана и се претпоставува дека туризмот овде допрва ќе зема замав.

Локални туристички агенции организираат тури за разгледување на регионот со велосипеди и дегустација на вино.

Випава

10. Тирана, Албанија

Тирана е град кој не треба да се одмине, особено доколку се патува некаде на Јадранот или Балканот. Метрополата се соочи со трансформација благодарение на својот поранешен градоначалник и денес можете да видите колоритни згради, луѓе кои возат велосипеди сѐ почесто наместо автомобили, а посебен акцент е ставен и на разеленување на градот.

Една од активностите во Тирана е качување до планината Дажти над градот за прекрасен панорамски поглед, ручек во некое локално бистро, како и шопинг во квартот Блоку кој иако некогаш бил територија на корумпирани комунистички шефови, денес изобилува со дизајнерски бутици.

Тирана
Сподели!
- Advertisement -