18.8 C
Skopje
петок, август 12, 2022

Венеција на туристите ќе им наплаќа влез од 3 до 10 евра

Kabtel desktop

Почнувајќи од 16 јануари 2023 година посетителите во Венеција ќе мора да плаќаат за да влезат во градот. Со тоа Венеција ќе стане првиот град во светот кој ќе бара туристите да платат влезница. Официјалниот датум во петокот го објави советникот за туризам на Венеција, Симоне Вентурини.

Вентурини новата мерка ја нарече голема револуција и решение за проблемот со премногу бројните туристи со кој градот се бори со децении наназад. Цената на влезниците ќе се движи од минимум 3 евра до 10 евра. Цената нема да биде фиксна и ќе зависи од бројот на посетители. Колку повеќе луѓе ќе бараат влез, толку повеќе ќе треба да платат.

Целта, како што објасни Вентурини, не е да се затвори градот, туку луѓето да се натераат да почнат да го закажуваат својот престој и да се намали пикот на туристичката сезона.

„Венеција е жив град и таков мора и да остане“ изјави Вентурини.

Сложениот систем за букирање влезници ќе биде претставен наесен, но ќе има многу исклучоци од плаќањето влезници. Жителите на градот и децата помали од 6 години нема да мора да плаќаат влезници, исто како и сите луѓе со инвалидитет, сопствениците на домови во Венеција, тие што доаѓаат во градот од здравствени причини или да посетат роднини, како и сите што доаѓаат да гледаат некој спортски или културен настан.

Луѓето што ќе преноќуваат во хотел во Венеција исто така нема да плаќаат влезница затоа што преку хотелот ќе платат туристичка такса.

Казните за неплаќањето влезници ќе се движат од 50 до 300 евра.

(CNN)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!