НАСА развива технологија за меѓупланетарна комуникација

- Advertisement -

Откако луѓето ја освоија Месечината, нормално е фокусот да го насочат на првата следна планета. За патување и живот на Марс се сонува веќе со години, но се чини дека НАСА сериозно одлучила да го оствари тој план.

Така, откако ќе испратат луѓе на Месечината на средината на оваа деценија, а првата човечка мисија кон Црвената планета треба да се случи на средината на 2030-тите години.

- Advertisement -

За да се оствари тоа ќе биде потребно да се развие цела низа нови технологии. Една од технологиите на кои НАСА работи интензивно е нов систем за меѓупланетарна комуникација. Со децении НАСА користеше обични радиобранови за да комуницира со астронаутите кои ги испраќаше во вселената, но проблем е што со поголемата оддалеченост, сигналите патуваат се подалеку, а астронаутите кои ќе тргнат за Марс ќе имаат потреба од подобра, побрза и постабилна врска за комуникација.

Затоа НАСА одлучи да развие ласери кои треба да ги заменат сите радиобранови. Ласерите можат да ја зголемат размената на податоци со Марс за 10 пати во однос на радиото. Меѓутоа, ни ласерите не се совршени. За врската да биде добра потребни се добри временски услови, односно чисто небо без облаци. Затоа НАСА гради 34 метри широка антена за испраќање и примање сигнали со ласери и тоа среде калифорниската пустина. Кога ќе биде готова, новата антена ќе го носи името DSS-23 и ќе биде првиот чекор напред во ерата на вселенската комуникација.

Сподели!
- Advertisement -