Кина испраќа микроби и билки на Месечината

- Advertisement -

Кинеската национална вселенска агенција CNSA откри детали за мисијата Chang’e 8, која би требало да стигне на Месечината во 2028 година. Мисијата со себе ќе понесе експерименти за тестирање на употребата на ресурси за живот на идната кинеска база на Месечината, која треба да почне да се гради во 2030 година.

Меѓу експериментите се наоѓа и системот ISRU за искористување на локалните ресурси и биолошки експерименти на екосистемите. ISRU ќе се користи за топење на тлото на Месечината со користење на сончева енергија. Тој матеројал потоа ќе се користи за производство на компоненти и за мерење на нивните механички и топлински својства. Планот е од тој материјал потоа да се прават тули, со кои потоа ќемѕидаат роботи.

- Advertisement -

Биолошкиот експеримент на екосистемите ќе содржи билки и микроби и има за цел да ја истражи одржливоста на биолошката употреба на ресурсите од тлото на Месечината и дали може да поддржува технологија за одржување живот како што е производство на храна и кислород.

Во мисијата Chang’e 4 од 2019 година Кинезите веќе истражуваа одгледување на семе од памук во контејнер на темната страна од Месечината. Останатите корисни елементи мисијата вклучуваат и лунарен радиометар и мултиспектрален снимач за набљудување на Земјата. Тие ќе собираат податоци за климата на Земјата и нејизната магнетосфера и начинот на кој делува на соларниот ветар.

- Advertisement -

(фото: Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -