Mercedes работи на најефикасниот електричен автомобил во светот – ќе има досег од неверојатни 1.200 км

- Advertisement -


Во текот на претставувањето на новите модели на електрични автомобили и на новите стратегии за иднината од Mercedes објавија дека то развиваат прототипот Vision EQXX. Vision EQXX би требало да остане само прототип со кој Mercedes ќе ги покаже своите инженерски способности, но тоа е и програма која ќе резултира со технолошки иновации и новитети за иднината. Станува збор за автомобил за кој велат дека е најефикасниот електричен автомобил во светот.

Имено, во текот на презентацијата прикажаа слајд на кој пишува дека возилото ќе може да го помине растојанието од Пекинг до Шангај (1.200 км) со само едно полнење на батеријата. Тоа растојание моментално е недостижно за возилата на електричен погон.

- Advertisement -

Притоа, во германската компанија не размислуваат за поголеми батерии, кои би биле потешки, туку за поефикасни. На развојот на новите технологии кои би ја овозможиле спектакуларната ефикаснот и досегот ќе работи тим на Mercedes од Штутгарт, како и посебна група инженери од Велика Британија.

За жал од Mercedes не објавија информации за тоа кога очекуваат да биде довршен Vision EQXX, односно кога можеме да очекуваме новитети врзани за ефикасноста на батериите. Тие батерии за електрични возила кои би овозможиле досег поголем од 1.000 км би предизвикале вистинска револуција не само на пазарот за електрични автомобили, туку и на пазарот за автомобили генерално.

- Advertisement -

Покрај цената, досегот на електричните возила е најголем проблем за сопствениците на електрични автомобили. Сe чини дека Мерцедес има сериозна намера да го реши тој проблем и да отвори ново поглавје во светот на електрични возила.

(Elektrek)

Сподели!
- Advertisement -