Филмовите создадени со помош на вештачка интелигенција сега можат да добијат „Оскар“

- Advertisement -


Одборот на директори на Академијата за филмски уметности и науки, која ги доделува „Оскарите“, усвои нови правила за претстојната филмска сезона. Тие се однесуваат на гласањето и категориите, како и на клучните параметри и датуми во врска со церемонијата на доделување награди во 2026 година. Една од најважните промени е воведувањето на генеративната вештачка интелигенција во снимањето филмови.

Од 2028 година „Оскарите“ ќе се доделуваат и во нова категорија, за дизајн на каскадери, како што неодамна беше објавено, пренесува Bug. Академијата, по препорака на нејзиниот Совет за наука и технологија, ја вклучи следнава формулација во нејзините правила за прифаќање филмови:

- Advertisement -

„Кога станува збор за генеративната вештачка интелигенција и другите дигитални алатки што се користат при снимањето на филмот, тие алатки ниту помагаат, ниту ги намалуваат шансите на филмот да биде номиниран. Академијата и секоја нејзина филијала ќе ги проценуваат достигнувањата земајќи го предвид степенот до кој луѓето биле во центарот на креативното авторство при изборот на филмовите што треба да бидат почестени“.

Така, сите автори ќе можат да користат генеративна вештачка интелигенција во пишување сценарија, визуелни ефекти, кадри и други елементи (како што веќе беше искористено за подмладување на актерите), но Академијата секогаш ќе ги даде приоритетите на човековата работа и креативноста, како клучни за доделување награди.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -