Mastercard ќе ја пушти во употреба првата кредитна картичка во светот со награди во криптовалути

- Advertisement -

Мastercard и американската криптовалута Gemini ќе ја лансираат првата кредитна картичка во светот која на корисниците им дава награди во дигитални валути за трансакциите во текот на една година.

Корисниците на картичката од летово ќе добиваат до 3% награди во биткоин или други криптовалути за купување со кредитната картичка, а наградите ќе се собираат на сметката на Gemini на корисникот. Картичката ќе ја издава WebBank, компанија која дава кредити во дигитални валути.

- Advertisement -

Гигантите од индустријата за плаќање како што се Mastercard, Visa и PayPal последниве месеци почнаа повеќе да се вклучуваат во бизнисот со криптовалути затоа што големите светски инвеститори и компании почнаа да го прифаќаат биткоин и другите криптовалути.

Од Mastercard во февруари изјавија дека планираат да поддржат некои криптовалути на своите мрежи уште годинава, додека Visa исто така ќе овозможи употреба на криптовалутите за трансакции.

- Advertisement -

„Додека корисниците трошат пари на различни локации ќе имаат шанса да добијат награда за своето трошење во форма на криптовалути“ изјавија од Mastercard.

Картичката засега ќе биде достапна само во САД.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -